Портал:Русија/Избрана биографија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Александар Василевич Суворов (рус. Александр Васильевич Суворов), гроф Римнишки, кнез Италијански, гроф на Светото Римско Царство (24 ноември 172918 мај 1800), бил четвртиот и последен руски генералисимус (без Сталин). Еден од малкуте велики војсководци во историјата кои никогаш не изгубиле битка, прочуен по својот прирачник Наука на победата („Наука Побеждать“) и познат по своите мисли „Тешко во обуката, лесно в бој“ („Тяжело в учении, легко в бою“), „Куршумот е глупак, а бајонетот е јунак.“ („Пуля дура, штык молодец.“), „Загини самиот, но спаси го другарот!“ („Погибни сам, но спаси товарища“).

Суворов е роден во благородничко семејство во новгородско потекло во московскиот дворец на дедо си Федосеј Мануков (земјопоседник од Орјолската губернија и висок службеник на царот Петар Велики). Бидејќи Манук е популарно ерменско име (со значење „млад“), па така се претпоставува дека Манукови биле со ерменско потекло. Прочитајте повеќе