Портал:Русија/Вовед

Од Википедија — слободната енциклопедија

Руската Федерација (руски: Российская Федерация) или Русија (руски: Россия) е земја која се простира на огромни пространства од источна Европа и северна Азија. Со површина од 17,075,400 км2, Русија е најголемата земја во светот (околу 11,5% од вкупната светска површина), покривајќи скоро двапати поголема територија од Канада, Кина или Соединетите Американски Држави. По бројот на население (144,526,378 жители) Русија е седма во светот, по Кина, Индија, САД, Индонезија, Бразил и Пакистан. Прочитајте повеќе