Портал:Празници
Република Македонија · Уметност · Биографија · Географија · Историја · Јазик · Математика · Философија · Наука · Општество · Технологија
ПРАЗНИЦИ
Терминот празник се однесува на било кој вид религиозна/национална/државна/културна или друг вид прослава, а понекогаш вклучува и фестивал. Повеќето празници се производ на верувањата и религиите, но државите и суверените територии прогласуваат локални празници кои се базираат врз значајни датуми од нивната историја. Затоа пак, новогодишните празници се главни во зимската сезона на прославувања речиси кај сите народи. Повеќе
Избрана статија
Ноќ на вештерките (или Hallowe’en) е празник што се слави на 31 октомври. Потеклото на овој празник е келтскиот фестивал на „Самаин“ и христијанскиот ден на „Сите светци“. Ова е народен празник, но некои христијани и пагани се посебно врзани со него. Ирските имигранти во Северна Америка донесле со себе верзија на нивната традиција. Овој ден често е поврзан со црната и портокаловата боја, и посебно со симболот на тиквичката која свети. Активностите поврзани со овој ден вклучуваат шеги, посетување на „проколнатите“ места, палење на логорски оган, маскенбал, резбање на тиквички, читање на страшни приказни и гледање на хорор филмови. Прочитајте повеќе
Дали знаете...
- ...дека зборот Бадник веројатно доаѓа од старословенски - да бидеш буден?
- ...дека по победата на болшевиците во Русија, 8 март за прв пат е прогласен за државен празник?
- ...дека почетокт на Рамазан секоја година се поместува за 10 дена наназад во однос на претходната година, односно во престапните години за 11 дена, поради разликата помеѓу исламскиот и грегоријанскиот календар?
|
Празници со променливи датуми:
|
Денешни празници
Категории
Избрана слика
Избрана биографија
Св. Кирил и Св. Методиј Солунски се родени браќа од Солун, од угледно и богато византиско семејство, татко Лав и мајка Марија. Побожните родители ги упатиле своите рожби уште од најраното детство во христијанството. За Константин се знае дека е испратен во Цариград да го продолжи своето образование, каде освен богословските науки, се изучувале и граматика, аритметика, географија, астрономија, музика, поезија, реторика, и бројни јазици. Константин бил поставен за професор по философија во училиштето што го завршил. Тогаш го добил и името Константин Филозоф.
Што се однесува до Методиј, постојат мошне оскудни извори. Се знае дека подолго време управувал со брегалничката област и придонесол христијанството длабоко да се всади во македонската душа во тој дел на Македонија. Мисионерската дејност на светите браќа меѓу Македонците, посебно возобновувањето и применувањето на македонската азбука е забележано во житието на Свети Наум.
За своите заслуги, папата Јован Павле II на 31 декември 1980 година ги прогласи светите браќа за сопокровители на Европа.
Ден на солунските браќа Кирил и Методиј е 24 мај. Повеќе...