Портал:Политика/Архива на избрани биографии

Од Википедија — слободната енциклопедија

Архива на избрани биографии на порталот Политика.

Актуелна биографија на порталот[уреди извор]

2007.07.18 - 2007

Абрахам Линколн

Абрахам Линколн (18091865) често се смета за најголем американски претседател (1861-1865) по основањето на САД. Секако, неговите манири помогнале да добие татковски имиџ каков што ниеден претседател по него го немал. Тој бил умен, цврст, стрплив и со многу разбирање за луѓето кои послабо стоеле од него. Почнал да работи како продавач, бил управник на селска пошта, но потоа се определил да студира право.

Линколн станал претседател во 1861 година. Во тоа критично време за САД, земјата била жестоко поделена околу ропството. Белците од северните држави не го одобрувале, додека белците од јужните држави го сметале како неопходно за нивните плантажи на шеќерна репка и памук. Луѓето од север не се согласувале со начинот на кој несреќните црни луѓе биле третирани. Па, југот се отцепил од сојузот и ги формирал Конфедеративните Држави на Америка, составени од седум држави. Граѓанската војна избувнала во 1861.

Линколн донел одлука да го зачува сојузот во целина и да го укине ропството. Затоа го поддржал Северот со сите средства кои му стоеле на располагање. Во 1862 година Линколн прокламирал дека почнувајќи од 1 јануари 1863 година, сите робови во конфедеративните држави се слободни. Во 1863 ја одржал познатата беседа во која меѓу другото рекол: “ ... Пред 87 години нашите татковци на овој континент создадоа нова држава, изразена во слобода и посветена на претпоставката дека сите луѓе се создадени еднакви ... “.

Овој блескав човек бил убиен во театар од луд артист, само неколку дена по крајот на Војната.

Биографии кои чекаат за објавување на порталот[уреди извор]

Архива на избрани биографии[уреди извор]

2007.07.12 - 2007.07.18, Борис Трајковски[уреди извор]

Борис Трајковски (Струмица, 25 јуни 1956 година - Мостар, 26 февруари 2004 година) беше македонски политичар, втор претседател на Република Македонија, од 15 декември 1999 година до 26 февруари 2004 година, кога почина во трагична смрт во авионска несреќа.

Траjковски дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1980 година, специјализирал деловно право и право на работни односи. До 1997 година е раководител на правната служба на градежното претпријатие „Слобода“ од Скопје, од 1997 до 1998 година е шеф на Кабинетот на градоначалникот на Општина Кисела ВодаСкопје, а од 21 декември 1998 година е заменик министер за надворешни работи на Република Македонија во десно-центристичката влада предводена од Љубчо Георгиевски.