Портал:Библија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
уреди   

БИБЛИЈА

Gutenberg Bible.jpg

Библијата (од грчки (τα) βιβλια, «книги», множина од βιβλιον, «книга», оригинално деминутив од βιβλος, што од друга страна доаѓа од βυβλος, со значење «папирус» од античкиот феникиски град Библос, кој го извезувал овој материјал за пишување), е зборник на свети книги. Често се нарекува и Свето Писмо.

Библијата се дели на два големи дела: Стар и Нов Завет. Стариот Завет, или Танак (תנ״ך) на хебрејски, се смета за света книга на Евреите, додека христијаните ги сметаат за свети и Стариот, и Новиот Завет. Христијаните ја изучуваат библијата како своја нормативна книга, која дава насоки за животот. Во неа тие наоѓаат послание од Бога (слово Божје). Прочитајте повеќе


уреди   

Избрана статија

Стариот Завет е христијански назив за збирка од натписи кои Евреите и христијаните ги сметаат за свети, а се состои од книга за светите закони, историја, пророштво и поезија. За јудаизмот, списокот на овие свети книги го утврдил синодот во Јавнија (лат. Јаmnia) околу 90 години п.н.е. Раната црква го користила грчкиот превод која ги користела и некои од книгите кои ги немало во еврејскиот канон. Оваа книга православните и римокатолиците ја нарекуваат девтероканонска, а протестаните апокрифна книга.

Стариот Завет е дел от Библијата, која ги опфаќа сите 50 книги, напишани пред Христос. Старият Завет е пишуван во продолжение на 1100 години. Прочитајте повеќе


уреди   

Дали знаете...

  • ... дека Исак е единствениот библиски патријарх чие име не се променило?
  • ... дека Метузалем умрел во годината кога Ное тргнал на пат?


уреди   

Избрана слика

Decalogue parchment by Jekuthiel Sofer 1768.jpg
Прагамент од 1768 година (612x502 mm) на Јекутил Софер кој е имитација на Декалогот од 1675 година на кој се запишани Десетте Божји заповеди


уреди   

Библиска приказна

NicolasPoussin-Judgment-of-Solomon-1649.jpg

Соломонов суд е библиска приказна, во 1 Цареви 3:16-28, каде две проститутки доаѓаат кај цар Соломон и му носат едно машко бебе. Тие живеат заедно и секоја од нив тврди дека му е мајка. Жените велат е дека една ноќ, откога на секоја од нив ѝ се родило дете, другата жена се разбудила и сфатила дека си го угушила детето додека спиела. Во очај и љубомора жената го земала мртвото дете и го заменила со живото дете на другата жена. Утрото жената се разбудила покрај мртво бебе, но веднаш сфатила дека не е неизиното, туку на другата жена. Прочитајте повеќе


уреди   

Библиска личност

Rembrandt Harmensz. van Rijn 035.jpg

Според Библијата, Аврам (хебрејски: אַבְרָהָם, Avraham; арапски ابراهيم, Ibrāhīm) е првиот патриарх од Израил, кој бил роден во Ур, по долниот тек на реката Еуфрат. Кога му се јавил на деветдесет и девет годишниот Аврам и склучил завет со него, Бог му кажал дека одсега па понатаму тој ќе се вика Авраам, а жена му Сара ќе биде именува во Сарра.

Заедно со својот татко, Тара и Лот ја напуштиле тогашната Вавилонска империја и се населиле во Харан помеѓу реките Тигар и Еуфрат (блиску до денешната граница помеѓу Сирија и Турција). Прочитајте повеќе


уреди   

Категории


уреди   

Поврзани портали

ReligiousSymbols.png
Christian cross.svg
Gutenberg Bible.jpg
Star of David.svg
Mosque02.svg
Религија Христијанство Библија Јудаизам Ислам
Dharma Wheel.svg
Dao4.PNG
HinduismSymbol.PNG
Draig.svg
Pentagram (Levi).jpg
Будизам Таоизам Хиндуизам Митологија Окултизам


уреди   

Библија на останатите вики проекти...

Викивести
(англиски)
Викицитат
(англиски)
Викиризница
(англиски)
Викиизвор
(англиски)
Викикниги
(англиски)