Понцианиево отворање
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Понцианиево отворање | |
|---|---|
| Потези | 1.e4 е5 2.Sf3 Sc 3.c3 |
| ЕШО | C44 |
| Потекло | околу 1490 |
| Предотворање | Отворање со кралски коњ |
| Chessgames.com opening explorer | |
Понцианиево отворање е шаховско отворање кое настанува со потезите:
Ова е едно од најстарите отворања, за кое се дискутирало дури во 1497. Исто така било застапено и од Хауард Стаунтон, кој се смета дека бил најдобриот светски шахист од 1843 до 1851, во Шахистска тетратка (1847). По неколку декади, било наречено „Стаунтоново отворање“ или „Англико отворање со коњ“. Денес, ова отворање е познато по Доменико Лоренцо Понциани, чијшто најголем придонес за отворањето бил воведот, во 1769, контрагамбитот 3...f5?!.
Отворањето денес е инфериорно во однос на Шпанската и Италијанска партија, и денес многу ретко се игра. Главни одговори на црниот се: 3...Sf6, што води до мирна игра, и 3...d5, што води до остра игра. Потегот 3...f5!? обично се смета за несвојствен и е неуспешно одигран во велемајсторската парија Хикару Накамура-Хулио Бекера-Риверо,СШампионат на САД, 2007.
