Помош:Страница за опис на податотека

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Кога една податотека како слика, видео или аудио снимка ќе се подигне на Википедија или на Заедничката Ризница, автоматски се создава придружна податотечна страница (наречена и страница за опис на слика). На оваа страница стојат податоци за податотеката, како автор, датум на создавање, кој ја подигнал, направени измени (ако ги има), како и поопширен опис за предметот (темата) на податотеката или контекстот на нејзината употреба. Таму е наведено и каде се користи податотеката, која лиценца ја има и други информации за авторските права. Кога се работи за слика, на оваа страница таа е обично прикажана во повисока резолуција. За да дојдете до оваа страница слика или видеоснимка, едноставно кликнете на самата неа. Ако се работи за аудиоснимка, стиснете на иконката за информации CrystalClearInfoIcon.png близу врската на снимката.

Страницата за опис се состои од пет дела:

  • Самата податотека
  • Уредлив дел - тука треба да стои описот на податотеката, изворот и информациите за авторските права.
  • „Историја на податотеката“ - кога ќе подигнете нова верзија со исто име, постоечката податотека се заменува со новата. Сите претходни верзии може да се најдат во историјата на страницата
  • „Врски до податотекава“ - список на страници во кои е вметната податотеката (вклучувајќи ги и оние кајшто таа е дел од шаблон, а не самата страница).
  • „Метаподатоци“ (само кај слики) - технички податоци за податотеката, начинот на нејзиното добивање и користената опрема (на пр. модел на фотоапаратот и сл.)

Еве примери за страници на податотеки од различен тип:


Што друго да вклучите во уредливиот дел[уреди]

Уредливиот дел на страницата содржи опис на податотеката и дополнителни информации за неа. Тука првично стои описот даден при подигање на податотеката. Еве некои корисни нешта што треба да стојат на страницата за опис:

Опис на податотеката[уреди]

На пр. „Слика на златна рипка во мал аквариум“. Ова не треба да биде алтернативен текст (вид. алтернативен текст за слики), туку опис. Текстот им користи на читателите што немаат директен пристап до сликата, и претставува привремена замена за правилна ознака longdesc.

Ако податотеката сте ја презеле од некое друго место, треба да го наведете изворот, авторот и др. Погледајте: Википедија:Цитирање извори.

Краток опис на податотеката[уреди]

Тука се внесуваат дополнителните информации за податотеката: каде е направена, како, кога и кој ја направил. Напишете и што е претставено на сликата. Пример: „Слика на дрво од видот ____ што ја направив во ____ со апарат ___.“ или „Изворна илустрација на автомобили од иднината и нивните искривени тркала.“

Краток опис на сликата[уреди]

Кога стои во статија, сликата најчесто има опис, кој е пократок од полниот опис на нејзината страница и потесно поврзан со текстот во статијата.

Имајте на ум дека секој што ќе ја види сликата во статија и ќе ја стисне за повеќе информации (или за да ја зголеми) доаѓа на нејзината страница за опис.

Ако сликата сте направиле вие, има извесни нешта што само вие можете да ги знаете. Бидејќи не може да се очекува да бидете постојано присутни за да одговарате на прашања, информациите ќе треба да ги ставите во страницата за опис уште кога ја подигате сликата. Вака уредниците ќе знаат како да ја употребат сликата, и истата ќе биде поинформативна за читателите.

За слики:

  • Каде е направена сликата?
  • Кога е направена сликата?
  • Имиња или називи на значајни личности и предмети на сликата?
  • Што се случува на сликата?
  • Кој фотографирал?

За нацртани илустрации:

  • Дијаграмите и обележувањата треба да се објаснат што поподробно.
  • Ако има потреба, ставете легенда.

Технички податоци за слики:

  • Ако сте сликале со фотоапарат со филм, наведете го моделот, информации за леќите и режимот на експозиција
  • Какви измени (дотерувања) има претрпено сликата? (прилагодување на боите, контрастот и тн.)

Технички податоци за нацртани илустрации:

  • Кој програм е користен за цртањето или измената на сликата?
  • Кои постоечки извори (слободни слики, фотографии и тн.) се вклучени во изработката?

Информации за авторски права[уреди]

Сите податотеки мора да имаат наведено информации за авторски права. Тука се вбројуваат информации за авторот, изворот на податотеката и нејзината лиценца. Сите податотеки мора да бидат слободно-лиценцирани или пак погодни за за „праведна употреба“ (со ниска резолуција или само дел од песна, како приемер). За податотеката ќе треба да ја одберете најсоодветната ознака од наведените на страницата Википедија:Лиценци за слики. Имајте предвид дека за лиценцата одлучува имателот на абторски права (творецот на првичната податотека, неговиот работодавач или пак официјално назначено лице), а не подигачот, и дека значењето и примената на „праведната употреба“ на неслободните податотеки е веќе утврдено со правила, т.е. не се остава на ваше толкување. За да дознаете кои слики се допуштени за подигање, прочитајте ги страниците Википедија:Авторски права, Википедија:Правила за употреба на слики, Напатствија за неслободна употреба и Википедија:Лиценци за слики.

Релевантни врски (внатрешни)[уреди]

Пример:

Други верзии[уреди]

Ако постојат други верзии (особено со поголеми димензии), ставете врска до нив.

  • [[Медија:Goldfish-in-tank2.jpg|од друг агол]] ([[:Слика:Goldfish-in-tank2.jpg|инфо]])
  • [[Медија:Goldfish-in-tank-textfree.jpg|верзија без текст]] ([[:Слика:Goldfish-in-tank-textfree.jpg|инфо]])

Верзиите без текст се корисни бидејќи можат да се користат на разни јазици.

Други информации[уреди]

Заедничка Ризница[уреди]

Податотеките достапни на Википедија можат да се чуваат на Википедија или на Заедничка Ризница (во зависност од лиценцата). Ако податотеката е од Ризницата, на страницата за опис ќе се појави следнава порака:

Врска до Ризницата Ова е податотека од Ризницата на Викимедија и може да се користи на други проекти. Подолу е наведена содржината на нејзината страница за опис.
Заедничката ризница е складиште на слободно-лиценцирани слики и снимки. И Вие можете да помогнете.

Во тој случај, измените треба да се прават директно од Ризницата, освен во посебни околности, кога треба да се означи дека сликата добила статус на „избрана“ на Википедија. За да го уредите описот од Ризницата, стиснете на врската „нејзината страница за опис“. Секој може да уредува на Ризницата, исто како на Википедија. Создавањето на сметка не е задолжително.

Преглед[уреди]

Кога уредувате, описот на страницата можете да го видите преку копчето „Преглед“. Ова ќе ви го прикаже само уредливиот дел на податотеката. Нема да се прикаже самата податотека, нејзината историја и врските што водат до неа.

Менување на податотеката[уреди]

Самите податотеки не можат да се менуваат преку Википедија и Заедничката Ризница. За да се измени, податотеката прво треба да ја преземете. Измените правете ги со соодветен програм (на пр. GIMP или Photoshop за слики). Кога ќе завршите, подигнете ја податотеката на Википедија или Ризницата. Можете да го користите истото име на податотеката - така ќе ја замените постоечката податотека со новоподигнатата.

Што се случува кога ќе подигнете[уреди]

Текстот што ќе го внесете при подигањето на податотеката ќе стои како нејзин опис. (исто така и опис на измените за првата нејзина верзија.)

Подигање на свои дела[уреди]

Ако сликата сте ја создале вие самите, и имате изворна податотека со повисок квалитет во формат како .XCF, .PSD или .AI, тогаш се препорачува да ја подигнете изворната податотека за другите корисници да можат полесно да ја менуваат кога ќе се јави потреба. Во страницата за опис ставете врска до изворната страница на интернет. Ако изворната податотека е преголема за да се подигне (дозволено е до 100 МБ), тогаш обидете се да ја набиете со алатка како WinZip или gzip.

Википедија поддржува SVG-слики, затоа подобро е да подигате SVG-слики, отколку нивни растерски верзии.

Категоризација[уреди]

Податотеките можат да стојат во иста категорија со други страници, но сепак се третираат посебно: во страницат ана категоријата податотеките не се вбројуваат во статиите, туку се прикажуваат во друг дел, како минијатури со нивните називи (вид. Помош:Категоризација. Една категорија со податотеки обично е поткатегорија на општата категорија на истата тема, како и поткатегорија на поопфатна категорија со податотеки. На Заедничката Ризница има само податотеки.

За да ставите нова податотека во категорија, не мора ни да ја уредувате нејзината страница за опис: едноставно ставете ознака за категорија во описот на подигањето. Многу слики можат да се категоризираат во една од поткатегориите на Категорија:Википедија:Слики по предмет. Разгледајте ја хиерархијата на околните категории за да видите каде е најдобро да ја ставите.

Поврзано[уреди]