Полуват
Од Википедија, слободната енциклопедија
Полуват, Половат или Пулуват е корален атол во сојузната држава Чук во Микронезија. Полуват е една од општините во државата.
Содржина |
Географија [уреди]
Полуват се наоѓа во северозападниот дел на Чук. Атолот има пет мали островчиња со вкупна површина од 3.4 километри квадратни. Петте островчиња се: Половат, Аленделап, То, Алеј и Хав. Атолот има мала лагуна и со лагуната има 7 километри квадратни. Островчето Алеј е најзападна територија на Чук. На атолот има три села со вкупно население од 1.015 жители според пописот од 2000 година: Релонг, Лукаф и Ревов.
Наводи [уреди]
- L, Klemen (1999-2000). „Forgotten Campaign: The Dutch East Indies Campaign 1941-1942“. http://www.dutcheastindies.webs.com/index.html.