Полска чучурлига

Од Википедија — слободната енциклопедија
Полска чучурлига
Song
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Врапчевидни
Семејство: Чучурлиги
Род: Alauda
Вид: A. arvensis
Научен назив
Alauda arvensis
Linnaeus, 1758

Полската чучурлига или цуцул e мала птица од врапчевидниот ред, од семејството на чучурлигите.

Ја има во Македонија.

Распространетост[уреди | уреди извор]

Оваа чучурлига живее во Европа и Азија и на планините на северна Африка. Азиските птици се појавуваат како скитници во Алјаска, a се имаат појавено и на Хаваите, северозападна Америка, источна Австралија и Нов Зеланд.

Опис[уреди | уреди извор]

Чучурлига
Alauda arvensis јајца

Полската чучурлига е долга 16 до 18 см со распон на крилјата 35 см и тежи околу 37 гр. Ноктот на задниот прст на ногата е долг и заострен. Оди по земјата, а не потскокнува, исто како другите чучурлиги. Нема изразен полов диморфизам, односно не се разликуваат мажјаците од женките. Слично на другите чучурлиги и оваа е со кафени пердуви на грбот, а посветла е одоздола. Во лет се гледаат кратката опашка и кратките широки крилја. Опашката и задниот раб од крилјата се бели, кои се видливи кога птицата одлетува,но не кога се упатува кон набљудувачот. Има цврсти нозе и троши време на земјата барајќи семиња, вклучувајќи и инсекти во сезоната за гнездење.

Поведение[уреди | уреди извор]

Гнездење[уреди | уреди извор]

Ова е птица сака отворено обработливо земјиште и топлина. Прави гнездо од трева на земјата,скриено меѓу растителноста. Понекогаш се вгездува во папрати, користејки ги за покривање. Генерално, гнездата се многу тешки за наоѓање. Снесуваат 3 до 6 јајца во јуни. Второ или трето легло може да се започне подоцна во годината. Јајцата се жолтеникаво-бели со кафеаво-виолетови точки со димензии 23х16 мм. Ги лежат 12–14 дена. Малечките се развиваат исклучително брзо и по 9–11 дена го напуштаат гнездото. Родителите ги хранат со инсекти.

Пеење[уреди | уреди извор]

Песната на чучурлигите е многу милозвучна, а мажјаците имаат малку поголеми крилја кои им овозможуваат да лебдат во воздух, дури и на висини над 100 метри. Тоа ги привлекува женките. Нивната песна трае 2-3 минути, а тогаш птицата која пее може да се појави како точка на небото гледано од земјата.

Статус[уреди | уреди извор]

Полска чучурлига со две црвчиња во клунот

Во В.Британија, бројот на полските чучурлиги се намалил во текот на последните 30 години. Сега се само 10% од бројот кои биле присутни пред 30 години. Друштвото за заштита за птици покажа дека овој масовен пад на бројот е главно од промените во земјоделството и користење на пестицидите. Но, преземени се марки и англиските фармери сега се охрабрени и платени да создадат биоразновидноста за подобрување на живеалиштето на евроазиската поларна чучурлига.[2]

Во културата[уреди | уреди извор]

Кога ќе се каже чучурлига, без посебно означување за кој вид се работи - тогаш мислиме на оваа, планинска чучурлига. Во англискиот јазик "skylark" (чучурлига), се користи во значење на занаетчија, а први започнале да го користат морнарите со значење на шегаџија, практичен шегаџија, некој што знае да прави трикови.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. BirdLife International (2012). Alauda arvensis. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
  2. BTO News Number 269, March to April 2007, page 15

Дополнителна литература[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]