Полска повивка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Полска повивка
Научна класификација
Царство: Растенија
Нерангирано: Скриеносемени
Нерангирано: Евдикотиледони
Нерангирано: Астериди
Ред: Зрновидни
Фамилија: Повивки
Род: Повивка
Вид: Полска повивка
Биномен назив
Convolvulus arvensis
Л.

Полска повивка (лат. Convolvulus arvensis) е вид на повивка која расте во Европа и Азија. Ова е повеќегодишно зелјесто растение кое расте од 0.5-2 m во висина. Листовите му се спирално подредени, линерани до стрелести, со должина од 2-5 cm, со дршки од 1-3 см. Цветовите му се во облик на труба, со пречник од 1-2,5 см, бели или светло розови, со пет малку потемно розеви радијални пруги.

Цвет со црвени грини
Convolvulus arvensis

Постојат два вариетета:

  • Convolvulus arvensis сорт. arvensis. Пошироки листови.
  • Convolvulus arvensis сорт. linearifolius. Потесни листови.

Иако дава убави цветови, повивката се смета за непожелно растение и коров заради нејзиниот забрзан раст и со тоа ги гуши сите останати растенија. Ова растение е донесено во Северна Америка, каде претставува инвазивен вид во некои подрачја. Таму расте во густи покривки и навлегува во полињата, со тоа намалувајќи го приносот; само во 1998 ова растение направило штета на американското земјоделство во износ од $377 милиони. [1]

Наводи[уреди]

  1. Coombs, E. M., et al., уредн. (2004). Biological Control of Invasive Plants in the United States. Corvallis: Oregon State University Press, 151.

Надворешни врски[уреди]