Политички протести во Тајланд (2010)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Политички протести во Тајланд
Место Тајланд
Дата 12 март - 19 мај2010
Жртви 91[1]
Повредени +2,100[2]

Политичките протести во Тајланд претстававаат серија од протести против владејачката партија на владата во Тајланд. Протестите се резултат на политичката криза која во текот на март-април 2010 година се претвориле во насилство.

Протестите главно се насочени кон премиерот на земјата, Абхисит Веџаџива. Во текот на 2009 година, тој на неколку пати бил цел на воен удар од страна на опозицијата. Обединетиот фронт за демократија без диктатура објавил дека на 14 март ќе организира антивладини протести и дека ќе побара да се одржат нови избори во земјата. Во пресред на протестите, од страна на Веџаџива биле превземени големи безбедносни мерки. На 14 март започнале протестите на опозицијата, кои биле главно мирни. Протестите продолжиле неколку недели. Во текот на демострациите експлодирале неколку бомби, но во инцидентите немало повредени. Тензиите се зголемиле рапидно кон почетокот на април 2010 година. На 8 април 2010 година била прогласена вонредна состојба во земјата. По само два дена, протестите се претвориле во насилство кога демонстрантите одговориле на владините трупи кои со солзавец се обиделе да ја растргнат толпата. Така биле убиени 19 лица, а најмалку 800 биле повредени.

Политичките активности на Обединетиот фронт за демократија без диктатура продолжиле со блокирање на аеродромите во престолнината Бангкок.[3]Во исто време било побарано од страна на армијата на земјата и генералот Анупонг Паочинда владата да го распушти парламентот и да распише нови избори,[4] но владиниот портпарол за Ројтерс изјавил дека го отфрлаат предлогот на армијата.

На 10 април 2010 година, демонстрантите успеале да заземат една сателитска телевизија. Истиот ден избувнале големи немири и пресметки помеѓу двете групи. Тајландските војници испукале гумени куршуми во толпата поддржувачи на опозицијата при кое биле повредени околу 170 луѓе. Во текот на денот, девет лица загинале, а 521 биле ранети. Во следните неколку денови биле убиени уште 13 лица, со кое вкупниот број на загинати се изкачил на 24 мртви и околу 800 повредени.

Наводи[уреди]

  1. Protesters Return to Bangkok Streets“, The New York Times, 19 септември 2010 (конс. 7 октомври 2010).
  2. Death toll rises as anti-government protests escalate in Thailand“, Times Newspapers Ltd, 15 мај 2010 (конс. 14 мај 2010).
  3. http://www.vecer.com.mk/?ItemID=65F3F47D40163746BE588E25DA3F80B8 Вечер: Блокиран и вториот аеродром
  4. http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=0A5E3C94A56B3F408782E08BCB284087 Утрински Весник:Армијата побара распуштање на тајванскиот парламент