Политичка култура во Канада

Од Википедија — слободната енциклопедија

Политичката култура на Канада на некој начин е како дел од големата Североамериканска и Европска политичка култура, која ги нагласува уставниот закон, слободата на религиите, личната слобода и регионалната автономија. Овие идеи во различни степени произлегуваат од Британското обичајно право и француското граѓанско право, Североамериканската оригинална влада, а меѓу другите и англиските граѓански традиции. Мирот, редот и добрата влада се цели на канадската влада. Овие зборови откриваат многу за историјата на политичката култура на Канада. Има строга традиција на лојалност, компромис и толеранција во канадската политичка култура. Во главно, канадската политика не работела преку револуционарни, брзи промени. Наместо тоа, промените биле бавни и преработувани за да се дојде до компромис помеѓу заинтересираните страни, регионалните консултации и тогашната влада. Исто така, Канада има традиција на либерализам. Поединечните права се искачија во првите планови на политичката и правната важност за поголем дел од канаѓаните, што е докажано преку поддршката за Повелбата за права и слобода, релативно слободната пазарна економија и либералните ставови кон хомосексуалноста, правата на жените и други егалитарни движења. Сепак, има чувство на колективна одговорност во политичката култура на Канада, како што се демонстрира во општата поддршка за универзална здравствена заштита, контролата за оружјето, странската помош и други социјални програми.

Содржина

1 Политички судири 2 Односите со САД 3 Понатамошно читање 4 Поврзано

Политички судири Кога се анализираат канадските политички партии и водачи може да се каже дека важни се федерално-провинциските, француско-англисктире и канадско-американските односи, па затоа едноставен лево-десен спектар кој се заснова само на еден критериум може да биде погрешен. Исто така во последните анкети од големо значење е и грижата за животната средина. Воглавно, само партиите кои постојано имаат пратеници кои се избираат за пратеници, може да се дискутираат во детали, иако зголемувањето на силата на Зелената партија на Канада, која во 2011 година ги освои своите први седишта, вреди да биде спомената. Во однос на економската политика, конзервативците се најмалку интервенционисти од другите големи партии, либералите се малку повеќе, а ново демократите имаат значително повеќе интервенционизам. Сепак, во 19 век, либералната партија се зазема за британскиот класичен либерализам и слободна трговија, и конзервативците, особено оние кои се нарекуваат ,, Црвени Ториевци ” се залагаат за протекционизам. Сепак, во 20 век, либералната партија усвои повеќе елементи од Европслите реформи за либерализам и ко-одлучните елементи на социјал-демократската прогресивна партија на Канада и ко-оперативната Комонвелт Федерација. Во 1990-тите либералите се префрлија наназад кон по неолиберална позиција на економијата и трговијата, но како што се движеа и другите партии, ова не резултираше со промена на позицијата во спектарот. Во рамките на Реформската партија на Канада имаше елемент на анти-пазарен популаризам, но избледи откако Реформската партија стана поповрзана со американскиот стил на конзервативизам. НДП има задржано многу од социјалистичките тенденции од поранешната ЦЦФ и остана на левата страна со некои други социјал-демократски партии од западниот свет, како што е Лабуристичката партија на Велика Британија. Блокот Квебек нема ставено силен акцент на економската политика, бидејќи единствената цел на партијата е во врска со прашањата за статусот на Квебек во Канада, што во голема мера се социјалдемократски. Во време на темпото на промени, конзервативците се, како што нивното име покажува, конзервативни, либералците и НДП се стремат кон прогресивност а Блокот Квебек се радикални, фаворизирајќи го повлекувањето на Квебек од канадската држава и општество. Во поглед на федерално-провинциските односи може да се каже дека Блокот Квебек се сепаратисти, конзервативцитее децентралисти, либералите имаат статус кво а НДП се централисти. НДБ и Блокот Квебек се сојузници за економските прашања но кога се работи за федерализмот тие се сосема спротивни. Историски гледано, либералите беа партија со провинциски права, а конзервативците се за централизација, но тоа се промени во 20 век. Во врска со прашањата за разновидност (двојазичност и мултикултурализам), конзервативците сакале да бидат мнозинство кое ќе го фаворизира намалувањето на официјалната двојазичност и асимилацискиот пристап кон имигрантите и домородците. Либералите и НДП се повеќе плуралистички партии во кои е вклучена и дарежливата владина поддршка за малцинските култури, додека пак Блокот Квебек претпочита да ја гледа Канада како две одделни општества (Англиска Канада и Квебек), и е заштитнички настроен кон францускиот јазик и културата во Квебек, а останува незаинтересиран за прашањата во врска со другите малцинства или другите делови на земјата. Што се однесува на односите со Соединетите Американски Држави, во моментов Конзервативната партија се залага за блиски односи со нив, НДП е малку повеќе скептична за американската моќ, а либералите се некаде на средина. Блокот Квебек се надева дека ќе создаде независна држава Квебек во која ќе постави своја политика за надворешните односи, посебна од политиката на Канада. Политиките на двете главни партии се сосема обратни од политиките во 19 век, кога конзервативците беа партија на протекционизмот, а либералите ја фаворизираа слободната трговија со САД. Историската позиција на партиите во врска со овие прашања е тесно поврзана со другите два историски судири во Канада, религијата и империјата. Во 19 и почетокот на 20 век, англискиот дел на Канада останал силно посветен на Британската Империја и протестанизмот. Францускиот дел на Канада повеќе бил анти-империјалистички и силно католички. Обидите да се формира стабилна партија која ќе освои пратенички места и во двете области беше тешка задача и ја доведе во ќор сокак Провинцијата од Канада пред Конфедерацијата. За време на ерата на Конфедерацијата, Виг либералите со британски стил ја формираа Западна Канада, Клиар Гитс и Реформаторите, и се обидуваа да работат со анти-свештеничко малцинство во Источна Канада, Црвената партија, а либералите во приморјето формираа Либерална партија. Јавните анти-демократи, Ториевците од англиските колонии се обидеа да создадат коалиција со конзервативните католици во Источна Канада и Парти Бле. Да се одржат овие разновидни коалиции беше многу тешко кога интересите се намалија меѓу партиите, и наместо тоа се појави чувство на поделеност. Првите вакви случаи беа двата Рил бунтови во 1869 и 1885 година кои го засилија непријателството меѓу католиците и протестантите. Ториевската влада на Сер Џон А. Мекдоналд, кој и самиот бил оранжер, на крајот го предвидел погубувањето на водачот на Метис, Луис Рил (побожен католик) обвинет за предавство. Партијата на Ториевците беше исцрпена во Квебек, а Либералната партија секаде на другите места. На крај, Сер Вилфрид Лорие бил способен да ги води либералите назад до конкурентската позиција во англиска Канада, но во времето на Првата светска војна и Регрутациската криза во 1917 година, Лорие повторно се нашол на чело на Либералната партија која е ограничена во Квебек и на неколку други места. Делумно, како резултат на сеќавањата на овие епохи, Ториевската партија се здобила со репутација на анти-католичка и анти-француска и останала значително послаба отколку либералите во Квебек во периодот од 1890 до 1980-тите, со еден исклучок во 1958 година. Во меѓувреме, либералите на Лорие биле обвинети затоа што не ја поддржувале Британија доволно силно за време на војната Боер и со создавањето на канадската морнарица, позната како Тин Пот морнарица, го повредила неговиот дел во Англо-Саксонскиот Онтарио. Од тогаш, секташтвото значително избледе како пробле во Канада, и односите со Велика Британија повеќе ја немаа истата важност. Наместо тоа, се дебатираше за иднината на Квебек и односите со Соединетите Американски Држави, како многу моќни прашања.

Односите со Соединетите Американски Држави Канада и САД се две нации со уникатно наследство и култури кои произлегуваат од многу векови наназад, но и двете земји исто така делат и многу сличности кои генерално им ги зајакнаа односите. Односот на Канада со САД обично е доминантен фокус за надворешните работи на Канада. Разни премиери како што се Сер Џон А. Мекдоналд, Сер Роберт Борден, Џон Дефенбакер и Пјер Тундо се обиделе разумно да ја дистанцираат Канада од САД и да се фокусираат на самоодржливост додека одржуваат добри односи, додека пак други премиери како што се Сер Вилфред Лорие, Луј Св. Лоран и Брајан Мулрони се обиделе да се интегрираат со американците на економско ниво и се заложувале за блиски политички односи надевајќи се на зголемување на пазарот. И двата правци имаат свои бенефиции и падови, а канадскиот народ најчесто бил многу претпазлив во врска со преголемата интеграција со САД, а од друга страна пак исто така бил претпазлив и за да не се создадат лоши односи. Целта на повеќето успешни влади е да се обидат да ја зачуваат канадската независност и до одредено ниво самоодржувањето, додека работат на одржување на пријателски односи со заемно корисната трговија. Трговијата најчесто била едно од најконтроверзните и најтешко прашање помеѓу Канада и САД. Имало три големи прговски политики насочени кон САД, а биле имплементирани од канадската влада. Првиот премиер на канадската национална политика, Сер Џон А. Мекдоналд ставил високи цени на американските стоки и бил многу успешен во создавањето на канадската индустрија за производство. Националната политика останала во сила на еден степен или малку повеќе, во период од еден век, и гледала како Канада од сиромашна колонија во 1867 година се трансформира во една од светски најбогатите нации до 20 век. Националната политика уживала во силна поддршка од канадските националисти кои сакале да се осигураат дека Канада никогаш нема да и се потчини на САД, и првобитно била поддржана од големите бизниси кои се плашеле од конкуренцијата од САД. Сепак, многу подоцна големите бизниси ќе почнат да бараат поголеми пазари и ќе почнат да се противат на економскиот национализам, па така ќе ја поддржат слободната трговија, оставајќи ја поддршката за економскиот протекционизам главно составена од мали бизниси, синдикати и националисти. Националната политика била проследена со политика на послободна трговија, која бавно се спроведувала од премиерите од Либералната партија, Вилијам Лион Мекензи Кинг, Луис Ст. Лорен и Лестер Пирсон. Послободната трговија, во никој случај и воопшто не наликуваше на слободна трговија. Наместо тоа таа значеше намалување на оданочувањето на стоката од САД. Во 1988 година премиерот од прогресивно-конзервативците, Брајан Мулрони изби со економската национална традиција од неговата партија и преговараше за Договор за слободна трговија (ДСТ) со САД, којшто доведе до Североамериканскиот Договор за слободна трговија (НАФТА) во 1994 година. овој нов договор им дозволи на САД целосен пристап на канадскиот пазар, а во исто време и го задржа правото да се блокира канадскиот пристап до американските пазари. Имаше бенефиции, но и проблеми исто така. Многу канадски производители тврдеа дека тешко е да се натпреваруваат со поголемите американски компании кои беа во можност да наплаќаат помалку за нивните производи. Исто така, многу Канаѓани сè уште беа загрижени за заканите кои им ги носеа одредени делови од НАФТА, за кој се верува дека се спротивставува на канадската животна средина и културните институции. Краток пример би биле одредбите кои прават да биде невозможно да се запре продажбата на еден производ откако една нација ќе почне да го продава, ако канадската влада им даде барање на американските компании да продаваат вода од Големите езера или дрвена граѓа од заштитените кралски земјишта, тогаш владата во согласност со договорот нема да биде способна да ги запре овие компании од тоа да купуваат колку што сакаат вода од Големите езера (или други езера и реки) или пак дрвја од заштитените земјишта. Постојат многу добри и лоши страни на договорот, а дебатата околу тоа нагласува на некои несигурности и стравувања кои го опкружуваат односот помеѓу Канада и САД. Од друга страна пак, поддржувачите векат дека овој договор создал стотици илјади работни места во Канада, додека пак противниците укажуваат на опаѓање на вредноста на канадскиот долар и пораст на вредноста на американскиот долар што се должи на создавањето на нови работни места. Без оглед на тоа дали ова и е од корист или пак и штети на Канада, таа може кога сака да се повлечи од североамериканскиот Договор за слободна трговија, само треба тоа да го стори со известување 6 месеци однапред. Трговијата со САД не е единствениот проблем кој создава контраверзност. Различните мислења за војните на САД, како што е војната во Виетнам или војната во Ирак, како и спротивставувањето на САД во војните каде што Канада била вклучена, како на пример првата и втората Светска Војна, во кои САД првично била против, создаваат многу тешкотии во нивниот однос. Исто така постои и долготрајно прашање за Балистилките проектили за одбрана, контраверзен американски систем, за кој повеќето Канаѓани сметаат дека Канада не треба да биде вклучена.

Понатамошно читање • Лајтбој, Џејмс (2006) Граѓанска политика, Канада. • Стјуард, Гордон Т. Потеклото на канадската политика: споредбен пристап. Ванкувер: прес на Универзитетот од Британска Колумбија, 1986 година. • Вајсмен, Нелсон (2007), Во потрага по Канадската политичка култура, прес на Универзитетот Колумбија. • Дик, Ренд. Канадска политика: критички пристап.

Поврзано • Политика на Канада • Политика на САД • Односи меѓу САД и Канада • Совет на Федерацијата