Полетарчиња

Од Википедија — слободната енциклопедија

Кога ќе се испилат од јајцето, малите птици се нарекуваат голиштарчиња. Во оваа фаза многу од нив немаат пердуви. Слепи се, беспомошни и што се однесува на храната и на заштитата комплетно зависат од родителите. Како што им растат пердувите, стануваат полетарчиња со отворени очи и со добар апетит. Кога ќе им пораснат сите пердуви и кога ќе бидат доволно силни, подготвени се да научат да летаат и почнуваат да стануваат независни.