Покраини и територии во Канада

Од Википедија — слободната енциклопедија
Карта на покраините и териториите во Канада со нивните кратенки

Покраините и териториите на Канада се првостепени административни единици во земјата. Постојат 10 покраини и 3 територии. Главната разлика помеѓу нив е во тоа што покраините имаат своја самобитност, додека пак териториите ѝ се потчинети непосредно на сојузната влада. Покраините се сметаат за косуверени делови, секоја со своја „Круна“, која ја претставува намесен гувернер (lieutenant-governor). Териториите не се суверени, туку претставуваат обични делови од државата. На чело на секоја територија стои комесар (commissioner).

Десетте покраини се Алберта, Британска Колумбија, Квебек, Манитоба, Нова Шкотска, Њу Бранзвик, Њуфаундленд и Лабрадор, Онтарио, Островот Принц Едвард и Саскачеван. Трите територии се Јукон, Нунавут и Северозападните Територии.

Покраини[уреди | уреди извор]

Покраини во Канада
Знаме Грб Покраина Пошт.
кратенка
Главен град Најголем град Стапила во сојуз Население[1] Површина: земја (км2) Површина: вода (км2) Површина: вкупна (км2) Службен јазик Сојузен парламент: Општински пратеници Сојузен парламент: Сенатори
Онтарио ON Торонто Торонто 1 јули 1867 12.851.821 917.741 158.654 1.076.395 англискиА 106 24
Квебек QC Квебек Монтреал 1 јули 1867 7.903.001 1.356.128 185.928 1.542.056 францускиБ 75 24
Нова Шкотска NS Халифакс ХалифаксВ 1 јули 1867 921.727 53.338 1.946 55.284 англискиГ 11 10
Њу Бранзвик NB Фредериктон Сент Џон 1 јули 1867 751.171 71.450 1.458 72.908 англискиД
францускиД
10 10
Манитоба MB Винипег Винипег 15 јули 1870 1.208.268 553.556 94.241 647.797 англискиА, Ѓ 14 6
Британска Колумбија BC Викторија Ванкувер 20 јули 1871 4.400.057 925.186 19.549 944.735 англискиА 36 6
Остров Принц Едвард PE Шарлоттаун Шарлоттаун 1 јули 1873 140.204 5.660 0 5.660 англискиА 4 4
Саскачеван SK Реџина Саскатун 1 септември 1905 1.033.381 591.670 59.366 651.036 англискиА 14 6
Алберта AB Едмонтон Калгари 1 септември 1905 3.645.257 642.317 19.531 661.848 англискиА 28 6
Њуфаундленд и Лабрадор NL Сент Џонс Сент Џонс 31 март 1949 514.536 373.872 31.340 405.212 англискиА 7 6

Белешки:

А.^ де факто; францускиот има ограничен уставен статус
Б.^ Повелба за францускиот јазик; англискиот има ограничен уставен статус
В.^ Нова Шкотска ги има распуштено градовите во 1996 г. за сметка на „регионални заедници“
Г.^ Нова Шкотска има многу малку двојазични законодавни акти (три на англиски и француски; еден на англиски и полски); некои управни органи имаат озаконето двојазични имиња на англиски и француски
Д.^ Став 16 од Повелбата за права и слободи на Канада
Ѓ.^ Закон за Манитоба
  • Пред осојузувањето, Онтарио и Квебек ја сочинувале колонијалната Покраина Канада.
  • Британска Колумбија, Њу Бранзвик, Нова Шкотска и Островот Принц Едвард биле посебни колонии.
  • Манитоба е создадена во исто време со Северозападните Територии.
  • Сакскачеван и Алберта се создадени со одвојување на земјиште од Северозападните Територии.
  • Њуфаундленд бил независен доминион во рамките на Комонвелтот пред да се припои кон Канада. Британските власти го префрлиле Лабрадор од Долна Канада во Њуфаундленд во 1809 г, но местоположбата на лабрадорската граница останала спорна сè до 1927 г. Покраината го сменила името од „Њуфаундленд“ во „Њуфаундленд и Лабрадор“ со уставен амандман усвоен на 6 декември 2001 г.
  • Со исклучок на Фредериктон и Викторија, главните градови на покраините се или најголеми или втори по големина во својата покраина. Фредериктон е на третото место во Њу Бранзвик, а пак Викторија го зазема дури десеттото место во Британска Колумбија.

Главни градови на покраините[уреди | уреди извор]

Територии[уреди | уреди извор]

Канада има три територии. За разлика од покраините, териториите немаат сопствена самобитност, туку само овластувањата што им ги дава сојузната влада.[2][3][4] Териториите ја опфаќаат сета копнена Канада северно од 60° СГШ и западно од Хадсоновиот Залив, како и сите острови северно од континентална Канада (од оние во Џејмсовиот Залив, па сè до канадските арктички острови). На табелата, териториите се наведени по првенство (секоја покраина има првенство над териториите, без оглед на тоа кога се создадени).

Територии во Канада
Знаме Грб Територија Пошт.
кратенка
Главен и најголем град Стапила во сојуз Население Површина: земја (км2) Површина: вода (км2) Површина: вкупно (км2) Службени јазици Сојузен парламент: Општински пратеници [Сојузен парламент: Сенатори
Северозападни Територии NT Јелоунајф 15 јули 1870 41.462 1.183.085 163.021 1.346.106 чипевјански, кри, англиски, француски, гвичински, инуинактун, инуктитут, инувијалучки, севернослејвиски, севернослејвиски, догрипски[5] 1 1
Јукон YT Вајтхорс 13 јуни 1898 33.897 474.391 8.052 482.443 англиски
француски
1 1
Нунавут NU Икалуит 1 април 1999 31.906 1.936.113 157.077 2.093.190 инуинактунски, инуктитутски,
англиски, француски
1 1

Белешка: Нунавут и Јукон се создадени со одвојување на делови од Северозападните Територии.

Главни градови на териториите[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Број на населението и домовите за Канада, покраините и териториите според пописите од 2011 и 2006 г.“. Statcan.gc.ca. 8 февруари 2012. Архивирано од изворникот на 2020-01-19. Посетено на 8 февруари 2012. (англиски)
  2. Министерство за правда на Канада (1985). „Закон за Северозападните Територии“. Архивирано од изворникот на 2006-09-02. Посетено на 27 јануари 2007. (англиски)
  3. Министерство за правда на Канада (2002). „Закон за Јукон“. Архивирано од изворникот на 2011-06-05. Посетено на 27 јануари 2007. (англиски)
  4. Министерство за правда на Канада (1993). „Закон за Нунавут“. Архивирано од изворникот на 2011-01-05. Посетено на 27 јануари 2007. (англиски)
  5. Закон за службените јазици на Северозападните Територии, 1988 (со аманд. 1988, 1991-1992, 2003) (англиски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]