Поздивишта

Координати: 40°38.48′N 21°13.57′E / 40.64133° СГШ; 21.22617° ИГД / 40.64133; 21.22617
Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Поздивишча)
Поздивишта
Χάλαρα
Стари куќи во Поздивишта, 1993 г.
Стари куќи во Поздивишта, 1993 г.
Поздивишта is located in Грција
Поздивишта
Поздивишта
Местоположба во областа
Поздивишта во рамките на Костур (општина)
Поздивишта
Местоположба на Поздивишта во Костурско и областа Западна Македонија
Координати: 40°38.48′N 21°13.57′E / 40.64133° СГШ; 21.22617° ИГД / 40.64133; 21.22617
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКостурски округ
ОпштинаКостур
Општ. единицаКорешта
Надм. вис.&10000000000000924000000924 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно13
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Поздивишта (дијалектно: Поздивишча, грчки: Χάλαρα, Халара; до 1927 г. Ποσδιβίτσι, Посдивици[2] или Ποδοβίστα, Подовиста[3]) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Костур од Костурскиот округ на Западна Македонија, Грција. Селото отсекогаш било македонско и останало такво до денес.[4]

Географија[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 20 км северно од Костур, во областа Корешта. Лежи на 5 км североисточно од селото Корешта, во подножјето на В’ро — огранок на планината Вич.

Историја[уреди | уреди извор]

Потекло на името[уреди | уреди извор]

Според Љубица Станковска името Поздивишта доаѓа од личното име Поздивит. Спомнато е во документи од 1545 и 1569 г.[5]

Антика[уреди | уреди извор]

Во месноста Бутеш на околу еден километар источно од селото, во непосредна близина на реката Бистрица и меѓу црквичките (манастирчињата) „Св. Атанасиј“ во атарот на Поздивишта и „Св. Атанасиј“ во атарот на Чрновишта има остатоци од античка населба. Селаните при обработка на земјата откривале бронзени статуи и други старини. Според преданието во Поздивишта, ова село е изгорено од Турците при освојувањето на Македонија. Командантот на османлиската војскаизвикал „Бутеш!“ („Да се запали“) и така останало името на местото.[4]

На истата месност, кај Големи Ливадишта и на запад се наоѓа месноста Аџиева Нива, каде има стари гробишта.[4]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

Според Тодор Симовски селото е основано од сточари од Преспа. Селото првично се наоѓало на планинскиот венец Винов Танец, на месностите Рушоп и Кочинова Лапка, подоцна на местноста Селиште, за потоа да слезе во котлината до античката населба.[4]

Фреска од црквата „Пресв. Богородица“

Црквата „Св. Богородица“ датира од околу 1700 г. (обновена 1815 г. по нејзиното рушење), но денес е во лоша состојба — покривот е срушен и фреските се оштетени.[6]

На крајот од XIX век Поздивишта било чисто македонско село.

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г., Поздивишта (Posdivischta) било село со 52 домаќинства сочиенти од 160 жители Македонци.[7][8]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Поздивишта имало 700 жители, сите Македонци христијани.[7][9]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Поздивишта е чисто македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 115 куќи.[10]

Во селото е основан револуционерен комитет на ВМОРО. На 10 ноември 1899 година организацијата го ликвидирала Незер — зулумција и убиец на Алексо Новачков од Поздивишта. Ликвидацијата е извршена во месноста Скала меѓу селата Поздивишта и Брезница.[11] През ноември 1901 г. во Поиздивишта ВМОРО го ликвидирал Албанецот Тефик-бег, убиец и изедник.[12]

По Битката кај Шестово во 1902 г. имало ново распределување на раководителите во реонот, па Пандо Кљашев и Васил Чакаларов во Поздивишта ги убиле соработниците на андартскиот великоорганизатор Герман Каравангелис, поп Илија и Георги Ѓамчето. Вкупно 70 лица од Поздивишта зеле учество во Илинденското востание летото 1903 г. Според извештај на раководителите на востанието во Костурско Васил Чакаларов, Лазар Поп-Трајков, Пандо Кљашев, Манол Розов и Михаил Розов, испратено до сите странски конзулати во Битола на 30 август 1903 г., во Поздивишта од вкупно 120 куќи биле изгорени 27 и биле убиени Ристовица Кинтна (55) и Лазовица Шотова.[13] Според друг извор, од вкупно 110 изгорени се 30 куќи а воедно и 23 плевни. Меѓу востанатите селани се убиени Трпе Трајанов и Андон Кузов.[14]

Во ноември 1903 г. бугарскиот владика Григориј Пелагониски, придружува нод Наум Темчев, Трпо Поповски и претседателот на Костурската бугарска општина Григориј Бејдов, пристигнале во Поздивишта и раздавале помош 30-те семејства настрадани при задушувањето на Илинденското востание,[15] чии куќи биле изгорени, како и на сите сиромашни семејства. Митлополитот Григориј отседнаш кај селскиот поп Ѓорѓи и кому му дал прошка бидејќи под пристисок потпишал изјава дека ја признава Патријаршијата за да си го спаси животот.[16] Помош е разделена и на жителите на соседното Чрновишта.[17]

Во 1902 г. според грчки податоци во селото имало 70 семејства под Цариградската патријаршија и 55 под Бугарската егзархија. Во Поздивишта веќе работела бугарската пропаганда. Подоцна целото население на Поздивишта прешло под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во селото имало 920 Македонци, сите под егзархијата, и работело бугарско училиште.[7][18]

Според Георги Константинов Бистрицки Поздивица пред Балканските војни имало 160 македонски куќи.[7][19] Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) за приближно истоот период вели дека Поздивиште има 135 куќи на Македонци христијани.[20]

Во 1915 г. костурскиот учител Георги Рајков вели дека Поздивишта имало 124 куќи, бугарска црква и бугарско училиште.[21]

Во Грција[уреди | уреди извор]

За време на Балканските војни селото е окупирано од грчка војска и во 1913 г. влегло во состав на Грција. Таа година имало 968 жители.[4] Меѓу 1914 и 1919 г. 14 лица од Поздивишта официјално поднеле документи за иселување во Бугарија, а по 1919 тоа го направиле уште двајца.[22] Според пописот од 1920 г. населението се намалило на 710 жители.[4] Во меѓувоениот период имало голема преселба во прекуокеанските земји, во Бугарија,[4] а извесни лица се преселиле во Вардарска Македонија.Според теренските испитувања на Јован Трифуноски, во 1926 г. два рода од Поздивишта се преселиле во битолското село Бистрица. Тие биле Генчовци (1 куќа) и Филевци (4 куќи), според нивната бројност при неговата посета во 1950-тите.[23] Во 1928 г. во Поздивишта се попишани 676 лица.[4]

Во 1927 г. селото е преименувано во Халара.

Селото традиционално се занимавало со одгледување на житни култури, грав и овошје, а делумно и со сточарство.[4]

Во 1932 г. регистрирани се 145 македонојазични семејства, од кои 142 изјавиле „словенска свест“. Во 1945 г. во селото имало 700 македонојазични жители, сите со „негрчка национална свест“.

За време на Втората светска војна селото настрадало од италијанските казнени одреди. Во селото е создадена чета на бугарската паравоена организација „Охрана“.[24] На 2 август 1944 г. во Поздивишта е формиран Леринско-костурскиот народноослободителен баталјон во состав на 9. Дивизија на ЕЛАС. За време на Граѓанската војна селото силно настрадало — 62 семејства и неколку поединци се преселиле во социјалистичките земји,[4] а 166 деца се изнесени во странство како деца-бегалци.[22]

По војните започнало масовно иселување во Австралија, САД и Канада.[4] Во 1960 г. властите во Поздивишта подигнале биста на гркоманскиот поп Илија.[25]

Во селото има и црква „Св. Никола“.[4]

Месности во Поздивишта преименувани со службен указ на 5 мај 1969 г.
Име Грчки Ново име Грчки Опис
Картелово[26] Καρτέλοβο Педино Πεδινό[27] месност И од Поздивишта[26]
Кури[26] Κουρί Дасаки Δασάκι[27] месност на Вич, СИ од Поздивишта[26]
Кремино Γκρεμίνο Гремос Γκρεμός[27] врв на Вич[28]

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 738 450 229 184 189 152 57 13
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

  • Димо Коло — ајдучки војвода (арамбаша), дејствувал во 1682 г. во Битолско, началник на чета од 28 лица[29]
  • Димитра Карчицка (р. 1939) — македонска математичарка и универзитетска професорка
  • Ристо Шанев (р. 1944) — поет и писател
  • Крсто Шкодров (1944 - 2005) — македонски општественик во Австралија
  • Фана Мартинова–Буцкова (1939 - 2020) — писателка и историчар на егејските Македонци

Препорачана литература[уреди | уреди извор]

  • Мартинова-Буцкова, Фана; Шанев, Ристо (1988). Поздивишта. Скопје: Нова Македонија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
  3. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  4. 4,00 4,01 4,02 4,03 4,04 4,05 4,06 4,07 4,08 4,09 4,10 4,11 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 37. ISBN 9989-9819-6-5.
  5. Станковска, Љубица. Топонимски варијации во Костурско-Леринската област. во: Македонските дијалекти во Егејска Македонија, Скопје, 1994, стр. 242-243.
  6. „Ναός Παναγίας - Χαλάρα Καστοριάς“. Cyberotsarka. Посетено на 30 јули 2015.
  7. 7,0 7,1 7,2 7,3 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  8. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 108–109. ISBN 954-8187-21-3.
  9. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 265. ISBN 954430424X.
  10. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 98.
  11. Бистрицки (1919). Българско Костурско (PDF). Ксанти: Издава Костурското Благотворително Братство „Надежда“ в гр. Ксанти. Печатница и книжарница „Родопи“. стр. 37.
  12. Бистрицки (1919). Българско Костурско (PDF). Ксанти: Издава Костурското Благотворително Братство „Надежда“ в гр. Ксанти. Печатница и книжарница „Родопи“. стр. 38.
  13. Чекаларов, Васил. Дневник 1901-1903 година, Ива Бурилкова, Цочо Билярски, ИК „Синева“ София, 2001, стр. 295.
  14. Темчевъ, Наумъ (1942). „Жертвитѣ при потушаване на Илинденското въстание“ (PDF). Илюстрация Илиндень. Илинденска организация. 9 (139): 14. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)
  15. Нединъ (1910). Спомени отъ една обиколка прѣзъ 1903 година (PDF). Скопие: Хафъзъ паша. стр. 62.
  16. Нединъ (1910). Спомени отъ една обиколка прѣзъ 1903 година (PDF). Скопие: Хафъзъ паша. стр. 63.
  17. Нединъ (1910). Спомени отъ една обиколка прѣзъ 1903 година (PDF). Скопие: Хафъзъ паша. стр. 65.
  18. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 180–181.
  19. Бистрицки (1919). Българско Костурско (PDF). Ксанти: Издава Костурското Благотворително Братство „Надежда“ в гр. Ксанти. Печатница и книжарница „Родопи“. стр. 6.
  20. Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 19.
  21. Предлошка:Наведека книга
  22. 22,0 22,1 Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Halara Архивирано на 4 март 2016 г..
  23. Трифуноски, Јован Ф., 1914-1997. (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања. Српска академија наука и уметности. ISBN 86-7025-267-8. OCLC 469501519.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  24. Мичев, Добрин. Българското национално дело в Югозападна Македония (1941 – 1944 г.)
  25. "Εκεί που χάνονται τα αγάλματα". Κυριακάτικη Ελευθεροτυπία, 26/11/2000.
  26. 26,0 26,1 26,2 26,3 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
  27. 27,0 27,1 27,2 „Διατάγματα. Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 266. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 79): 713. 1969. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)
  28. Νέζης, Νίκος (2010). Τα ελληνικά βουνά : γεωγραφική εγκυκλοπαίδεια. Τόμος 2. Ηπειρωτική Ελλάδα. Πελοπόννησος - Στερεά Ελλάδα - Θεσσαλία - Ήπειρος - Μακεδονία - Θράκη. Αθήνα: Ελληνική Ομοσπονδία Ορειβασίας Αναρρίχησης : Κληροδότημα Αθ. Λευκαδίτη. стр. 380. ISBN 978-960-86676-6-2.
  29. Матковски, Александар (1961). „Матковски, Александар, Податоци за некои ајдути од западна Македонија (1622—1650)“. Гласник ИНИ. Скопје. V (1).CS1-одржување: датум и година (link)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]