Поенска вредност на шаховските фигури

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Во шахот, шаховските фигури имаат поенски вредности кои служат за одредување на стратешката вредност на секоја фигура. Овие вредности се полезни за играчите, и исто така се користат кај компјутерскиот шах за компјутерот да знае кој потег да во повлече. Пресметувањата на овие вредности даваат само една груба претстава за состојбата на една партија. Точната вредност на една фигура зависи од ситуацијата.

Ова се најчестите вредности на фигурите:

Фигура
Вредност
 
Дама
9
Chess qld40.png Chess qdl40.png
Топ
5
Chess rll40.png Chess rdd40.png
Ловец
3
Chess bld40.png Chess bdl40.png
Коњ
3
Chess nll40.png Chess ndd40.png
Пешак
1
Chess pld40.png Chess pdl40.png

Вредноста на кралот е бесконечна, бидејќи неговото губење значи пораз. Во некои програми за копмјутерски шах, кралот има вештачка вредност од 200 поени – произволна вредност поголема од збирот на вредноста на сите фигури заедно плус позициони фактори. Ова му кажува на компјутерот да го вреднува матот повеќе од сите размени и жртвувања.

Компјутерите вршат и дополнителни прилагодувања на оваа поенажа во согласност со разните позициони фактори. На пример, тој одзема 13 поен за удвоени пиони, изолирани пиони и назадни пиони, се додаваат делови од поени за отворени редови итн. Речиси сите играчи-луѓе ваквото позиционо вреднување го прават без нумерички вредности.

Промена на вредностите во завршницата[уреди]

Релативната вредност на фигурите се менува како што играта се ближи кон својот крај. Релативната вредност на пионите и топовите се зголемува, додека вредноста на ловците се намалува. Коњот ја губи моќта, а и кралицата донекаде губи сила. Еве некои примери (Албурт и Крогиус, 2005:402-3):

  • Дама против два топа
  • Топ против две лесни фигури
  • Во отворањето и мидшпилот, еден топ и два пиона се послаби од два ловца; еднакви со или само малку послаби од ловец и коњ; и еднакви на два коња
  • Во завршницата, еден топ и еден пион се еднакви на два коња; еднакви или само малку послаби од ловец и коњ. Еден топ и два пиона се еднакви на два ловца.

Видете исто така[уреди]

Користена литература[уреди]

  • Lev Alburt и Nikolay Krogius, (2005). Winning Chess Endgames — Just the Facts!, Второ издание, Chess Information and Research Center (дистрибуирана од W. W. Norton), ISBN 1-889323-15-2
  • Larry Evans (1967). New Ideas in Chess Cornerstone Library (Доверско издание ISBN 0-486-28305-4)
  • Kaufman, Larry (1999). The Evaluation of Material Imbalances, Chess Life, March 1999.
  • Soltis, Andrew (2004). Rethinking the Chess Pieces, Batsford, ISBN 0-7134-8904-9