Под вулканот (филм)
Од Википедија, слободната енциклопедија
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| „Под вулканот“ | |
MCA Home Video опаковка за Под вулканот |
|
| Режирано од | Џон Хјустон Дени Хјустон (почетните наслови) |
|---|---|
| Продуцент | Мајкл Физџералд Мориц Борман Виланд Шулџ-Кајл |
| Сценарист | Гај Гало |
| Настапуваат | Алберт Фини Жаклин Бисе |
| Музика | Алекс Норт |
| Кинематографија | Габриел Фигуероа |
| Дистрибутер | Universal Pictures (САД) 20th Century Fox (надвор од САД) |
| Премиера | 1984 |
| Времетраење | 112 мин. |
Под вулканот (Under the Volcano) е филм од 1984 година, снимен во Мексико, под режисерската палка на Џон Хјустон, со Алберт Фини, Жаклин Бисе, Ентони Ендрјуз и Кејти Џурадо во главните улоги. Филмот беше номиниран за оскар за главна машка улога и најдобра оригинална филмска музика.
Филмот е базиран на новелата на англискиот писател Малколм Лоури од 1947 година. Истата година, книгата е адаптирана и за радио.
Останувајќи верен на оригиналната новела, филмот на Хјустон ја раскажува приказната за Џефри Фирмин, алкохоличар и британски конзул во малиот мексикански град Кванауак, на празникот на Денот на мртвите во 1938 година.
