Повторувач на сигнал

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Терминот "повторувач"(анг. repeater) потекнува од телеграфијата. Но подоцна се употребувал и во телефонијата, како и за комуникација на податоци. Во телекомуникациите, терминот повторувач ги има следните стандардизирани значења:

1.Аналоген уред кој засилува влезниот сигнал, без оглед на неговата природа(аналогни или дигитални).

2.Дигитален уред кој засилува, менува обликот,преструкторира, или врши реемитување на дигиталниот влезен сигнал .

Употреба[уреди]

Повторувачот е електронски уред кој се користи за да го прима дигиталниот сигнал, ја извлекува низата од 0 и 1,го чисти сигналот од непотребните оштетувања, го обновува и препраќа нов сигнал. Тој го зачувува интегритетот на сигналот и овозможува податоците да се пренесуваат на големо растојание на ваков начин слабеењето е надминато. Повторувачите го отстрануваат несаканиот шум во дојдовниот сигнал. За разлика од аналогниот сигнал, оригиналниот дигитален сигнал, па дури и ако е слаб или оштетен, полесно може да се обнови. Повторувачите се користат во бакарните кабли и во фибер-оптичките и исто така се користат при емитување на телевизиски програми и аматерски радио програми. Во повеќето Ethernet конфигурации, повторувачите се потребни за кабел што е подолго од 100 метри. Повторувачите работат на Физичкиот слој на OSI моделот.

Постојат два вида на повторувачи:

1.Дигитални повторувачи

2.Безжични повторувачи

Дигитални повторувачи[уреди]

Дигитален повторувач (анг. digipeater) е повторувач на дигитални сигнали кои се употребуваат во аматерско радио. Дигиталниот повторувач врши реемитување на иста фреквенција ,за разлика од оние повторувачи кои пренесуваат од една на друга фреквенција. Во APRs сите дигитални побторувачи употребуваат генерички адреси. Испраќачот не треба да го знае знакот за повикување на дигиталниот повторувач туку само да го означи бројот на скокови кон кои сака да оди.

Безжични повторувачи[уреди]

A wireless repeater.

Безжичен повторувач (анг. Wireless repeater) e компјутерски мрежен уред кој служи како повторувач помеѓу безжичен рутер и компјутерите приклучени на мрежата. Во безжичниот комуникациски систем, повторувачот се состои од радио приемник, засилувач, предавател, еден изолатор, и две антени. Предавателот произведува сигнал на фреквенција која се разликува од примениот сигнал. Безжичните репитери исто така се употребуваат во ситуации кога компјутерот кој треба да се приклучи во мрежата се наоѓа многу далеку од безжичните пристапни точки. Доколку се подеси правилно, безжичниот репитер може да го прошири опсегот на локалната безжична мрежа.Фирмверот DD-WRT достапен како софтвер со отворен код кој им овозможува на многу домашни рутери да се надоградат и функционираат како безжични репитери во состав на локалната безжична мрежа.Безжичните повторувачи се почесто се користат во професионални и домашни мрежи.