Поволна позиција
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| „Поволна позиција (Vantage Point)“ |
|
| Режирано од | Пит Тревис |
|---|---|
| Продуцент | Тања Ландау |
| Сценарист | Бери Леви |
| Настапуваат | Денис Квејд Метју Фокс Форест Витакер Сигурни Вивер Вилијам Харт |
| Дистрибутер | Sony Pictures |
| Премиера | 22 февруари 2008 |
| Држава | |
| Јазик | англиски |
Поволна позиција (англиски: Vantage Point) е акционен трилер за осум странци кои од осум различни перспективи се обидуваат да ја откријат вистината за обидот за атентат на претседателот на Америка. Филмот својата премиера ја дожива на 22 февруари 2008 год. а во главната улога се појавува Метју Фокс нам добро познат по улогата на Џек во серијата Изгубени.
Синопсис[уреди]
Двајца тајни агенти Томас Барнс и Кент Тејлор се задолжени да го заштитуваат претседателот на Америка, Ештон во текот на престојот во Шпанија на состанокот за глобалниот проблем – тероризмот. Но, штом ќе пристигне во Шпанија, нештата тргнуваат во погрешна насока. Меѓу луѓето што го следат говорот на претседателот е и Хауард Луис, американски турист кој го снима историскиот настан, за кога ќе пристигне дома да им го покаже на своите деца. Таму е и Рекс Брукс, телевизиска продуцентка, која известува за американската телевизија. Но, во текот на говорот се случува обид за атентат врз претседателот. Хауард им ја предава видеолентата на агентите, бидејќи е убеден дека случајно го снимил атентаторот што пука од покривот на соседната зграда.
| Глумци | Ликови |
|---|---|
| Денис Квејд | Томас Барнс |
| Метју Фокс | Кент Тејлор |
| Форест Витакер | Хауард Луис |
| Сигурни Вивер | Рекс Брукс |
| Вилијам Харт | Претседател Хенри Ештон |
| Едгар Рамирез | Хавиер |
| Ајлет Зурер | Вероника |