Плоцка катедрала
| Плокска катедрала Bazylika katedralna Wniebowzięcia Najświętszej Maryi Panny |
|
| Основни податоци | |
|---|---|
| Место | Плок, Полска |
| Религија | Римокатоличка црква |
| Функционален статус | активна |
Плокската катедрала (полски: Bazylika katedralna Wniebowzięcia Najświętszej Maryi Panny)) се наоѓа во Плок, Полска. Таа е посветена на Света Богородица на Мазовија и претставува еден од најзначајните примери на романеската во Европа.
Катедралата во Плок била основана во 1075 година.[1] Првите извори околу храмот датираат од 1102 година, односно од времето на Владислав I Херман, кој бил погребан во објектот. Во 1129 година таа била реконструирана во времето на Болеслав III и бископот Александар.[1] Во периодот од 1136 до 1144 година била обновувана од пожарот којшто го зафатил градот. Во 1144 година била осветена и посветена на Света Богородица.[1] Христијанскиот храм бил реновиран и во 1531-1535 година по пожарот од 1530 година.[1] Изгледот на новиот храм бил земен од црквата Свети Агостино и црквата Санта Марија дел Пополо во Рим. За последен пат, зградата била обновена во 1903 година.[1]
Наводи [уреди]
- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 (полски) „Rys historyczny“. „www.diecezja.plock.pl“. http://www.diecezja.plock.pl/index.php?show=parafia&dekanat=26¶fia=131. проверено на 2009-12-08.
| Оваа статија за црква или сличен христијански објект е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |