Плашица

Од Википедија — слободната енциклопедија
Плашица
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Зракоперки
Ред: Краповидни
Семејство: Крапови
Род: Плашица
Вид: Плашица
Научен назив
Alburnus alburnus
(Linnaeus, 1758)

Плашица (науч. Alburnus alburnus) — вид на речна риба од семејството на краповите (Cyprinidae). Охридската плашица е ендемичен вид за Охрид - Дрим - Скадар екосистемот.

Опис и распространетост[уреди | уреди извор]

Охридската плашица припаѓа на семејството Cyprinidae. Телото и е издолжено, странично сплеснато со релативно големо око. Телото и е покриено со лушпи кои лесно отпаѓаат. Грбот и е темнозелен до темносин, а страните и стомакот и се сребрено бели со седефаст сјај. Устата е терминална и свртена нагоре. Грбната перка започнува зад крајот на градната перка, а завршува пред почетокот на аналната перка. Опашната перка е длабоко засечена. Градните перки се долги и речиси достигнуваат до стомачните. Телото на плашицата од горната страна е сивозелено, додека странично е сребренесто. Бојата на стомачната страна е млечнобела. По страните се протега темносива тенка линија.[1]

Основни биолошки одлики[уреди | уреди извор]

Охридската плашица полово созрева во третата година од животот, на должина од 7- 8 см. Се мрести порционо во долг временски интервал, од мај до јули, во литоралот на езерото плитката крајбрежна зона. Во зависност од возраста и големината плодноста на охридската плашица варира и се движи помеѓу 3 000 – 10 500 јајца. Икрата има леплив слој со кој се прицврстува најчесто на растителна подлога. Ембрионалниот развој е краток и трае 4 - 5 дена. Просечната големина која ја достигнува охридската плашица изнесува 12 - 15 см. Максималната големина е до 20 см и тежина од 50 грама. Овие примероци во езерото се доста ретки.

Младите рипчиња се задржуваат во заливите и се хранат со зоопланктон, додека на возрасните основна храна им е зоопланктонот. Исто така се храни и со инсекти што пагаат во водата, кукли од хирономиди и со други без‘рбетници, но и со растителна храна.[1]

Значење[уреди | уреди извор]

Месото од охридската плашица е доста вкусно и барано на пазарот, за што има и економска вредност. Има голема економска вредност поради големите количини кои се среќаваат во Охридското Езеро.[1]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Службен весник на Р.Македонија бр.145