Планински орел

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Планински орел
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Јастребовидни
Фамилија: Јастреби
Род: Орел
Вид: Планински орел
Биномен назив
Aquila fasciata
(Vieillot, 1822)
Синоними
  • Hieraaetus fasciatus

Планинскиот орел (науч. Aquila fasciata) е голема граблива птица. Припаѓа на фамилијата јастреби. Ја има во северна Европа, Африка на север и на југ од Сахара и преку Индија до Индонезија. Планинскиот орел го има и во Македонија.

Опис[уреди]

Habichtsadler.jpg
Во лет
Младенче

Планинскиот орел е мал до средно-голем орел, долг од 55 до 65 см, со тежина од 3 до 6 килограми. Во горниот дел се темно кафеави, а во долниот дел се бели со темни линии. Крилјата им се релативно кратки и заоблени. Долгата опашка им е сива одозгора, а бела одоздола, со црни завршетоци. Нозете и очите им се жолти. Младите птици имаат меки пердуви, изразени линии на опашката без црните завршетоци.

Живеалиште[уреди]

Планинскиот орел не е како другите орли, тој живее во шума, на планина бидејќи сака повеќе простор. Создаваат гнезда во Јужна Европа, Африка без Сахара и Азија до Индонезија. Се населува во поретко откриени области во шумите и ридските предели. Африканските популации преферираат савани, обработливо земјиште и грмушки, под услов да има големи дрвја.

Исхрана[уреди]

Планинскиот орел се храни со широк спектар на жив плен. Обично лови прикриен во дрвото, со ненадеен залет. Неговиот плен се поголеми цицачи, како зајaци, или птици.

Размножување[уреди]

Овој орел е обично многу тивок, освен кога се додворува или во близина на гнездото. Се огласува со клу-клу-клу-клее кој е помалку продорен кога е оддалечен од блиските. Моногамни птици се, и имаат неколку гнезда на својата територија, а едно од нив го поправаат и користат во тековната година. Одгледуваат едно легло годишно, а снесуваат 1-3 бели јајца со должина од 75 мм. Лежењето трае 37-40 дена, а малечките го напуштаат гнездото на околу 60-65-дневна возраст.

Наводи[уреди]

  • BirdLife International (2004). Hieraaetus fasciatus. „Црвен список на МСЗП - Загрозени видови“ од 2006 г. МСЗП 2006. консултирано на 12 May 2006 (англиски) Database entry includes justification for why this species is of least concern
  • Splitting headaches? Recent taxonomic changes affecting the British and Western Palaearctic lists - Martin Collinson, British Birds vol 99 (June 2006), 306-323
  • Lerner, H. R. L. and D. P. Mindell (2005). Phylogeny of eagles, Old World vultures, and other Accipitridae based on nuclear and mitochondrial DNA. Molecular Phylogenetics and Evolution 37: 327-346. PDF
  • Helbig AJ, Kocum A, Seibold I & Braun MJ (2005) A multi-gene phylogeny of aquiline eagles (Aves: Accipitriformes) reveals extensive paraphyly at the genus level. Molecular phylogenetics and evolution 35(1):147-164 PDF


Надворешни врски[уреди]