Планинска стрнарка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Планинска стрнарка
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Врапчевидни
Семејство: Стрнарки
Род: Emberiza
Вид: Планинска стрнарка
Научен назив
Emberiza cia
(Linnaeus, 1766)

Планинската стрнарка (науч. Emberiza cia) е врапчевидна птица овесарка од семејството на стрнарките Emberizidae, група, која современите авторитети ја издвоија од семејството на зебите Fringillidae. Се размножува низ јужна Европа до централна Азија и Хималаите, на југ до северна Африка. Ја има и во Македонија. Делумно е птица преселница, со популациите од север што зимуваат понајуг, а останатите популации се постојани жители преку целата година.

Опис[уреди | уреди извор]

E. cia stracheyi

Планинската стрнарка е долга 16 см. Мажјакот има костенливи горни делови, еднобојни топлокремави долни делови и светлосива глава со црни линии. Женката е бледа верзија на мажјакот, со посветли долни делови, сивокафеави горни и глава со помалку контрасни бои. Младенчињата се како женките, но главата им е попрошарана со линии. Има четири раси кои се разликуваат според нијанси на пердувите, додека подвидот кој се размножува низ Европа, Африка и западна Турција е единствен кој има бела линија на крилото.

Поведение[уреди | уреди извор]

Живеалиштето на планинската стрнарка се отворените планински каменливи предели.

Emberiza cia - MHNT

Гнездото го сместуваат на земја, а понекогаш ниско во грмушките. Несат 3-5 јајца, со шарки карактеристични за стрнарките, како влакненца. Додека ги одгледуваат младенчињата се хранат со инсекти, инаку со семиња.

Повикот му е остро циии, а песната чрчорливо чурррр-чирррриииии-итт.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. BirdLife International (2012). Emberiza cia. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]