Планинска гуштерица
| Планинска гуштерица | |
|---|---|
| Заштитен статус | |
| Научна класификација | |
| Царство: | Животни |
| Колено: | Хордати |
| Класа: | Влекачи |
| Ред: | Лушпести |
| Подред: | Гуштери |
| Фамилија: | Вистински гуштери |
| Род: | Гуштери |
| Вид: | планинска гуштерица' |
| Биномен назив | |
| Lacerta agilis Linnaeus, 1758 |
|
Планинската гуштерица (науч. Lacerta agilis) е вид гуштер од фамилијата Вистински гуштери, чиј ареал се протега низ речиси целата Европа и источно до Монголија. Не живее на Пиринијскиот Полуостров и европскиот дел на Турција. Распределбата ѝ е релативно раштркана.
Има светол стомак и лента на грбот: мажјаците се потемни по боја, а стануваат делумно или целосно светлозелени во сезоната за парење. Достигнуваат должина до 25 см.[2]
Има неколку подвида, од кои најзападен е Lacerta agilis agilis. Кај овој и другите два најзастапени западни подвида (Lacerta agilis argus) грбната лента е тенка и испрекината, или пак воопшто ја нема. Ова важи особено за третоспоменатиот подвид, кој има и фази кајшто е сосем црвен и кафеав на грбот, без никакви белези. Кај овие два подвида, мажјаците сезонски позеленуваат само на боковите, но источните видови (претежно Lacerta agilis exigua) мажјаците знаат да бидат целосно зелени, дури и вон сезоната за парење.
Женките ги несат јајцата во ровит песок на сончево место, а младите се развиваат и изведуваат благодарение на топлината на песокот.
Содржина |
Во Република Македонија [уреди]
Во Република Македонија, планинската гуштерица е најзастапена во националниот парк Маврово[3] и на планината Пелистер, каде е врзана за моликата како живеалиште.[4]
Примерок на планинската гуштерица е изложен како експонат во Природнонаучниот музеј во Скопје.[5]
Поврзано [уреди]
Наводи [уреди]
- ↑ А. Агасјан и др. (2009). „Lacerta agilis“. „Црвен список на загрозени видвови на МСЗП, верзија 3.1“. Меѓународен сојуз за заштита на природата. http://www.iucnredlist.org/apps/redlist/details/157288. проверено на 11 август 2011. (англиски)
- ↑ Michael Allaby (1999). „Lacertidae“. „A Dictionary of Zoology“. Oxford University Press, Encyclopedia.com. http://www.encyclopedia.com/doc/1O8-Lacertidae.html. проверено на 14 декември 2008. (англиски)
- ↑ Анализа на влечугите - Планинска гуштерица - Анализа и валоризација на фауната на цицачите во заштитеното подрачје Национален парк „Маврово“ (македонски)
- ↑ Рефугален регион Пелистер, стр. 49 Втор национален извештај - Активности кон Конвенцијата за климатски промени (македонски)
- ↑ Планинска гуштерица - Природонаучен музеј-Скопје - Македонски национален комитет на МСМ (ICOM) (македонски)
Надворешни врски [уреди]
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Планинска гуштерица“ |