Планета ТВ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Планета ТВ
Logo tv planeta.jpg
Отпочната 2001
Челни лица Пајнер медиа
Држава Бугарија
Област на емитување Европа, Јужна Африка, Австралија, Северна Америка, дел од Јужна Америка и Источна Азија
Веб-страна http://planeta.tv

Планета ТВ е бугарски телевизиски канал што го започнал своето емитување во 2001 година преку сателит Thor 3. Подоцна продолжува ширењето и преку сателитите Hellas Sat 2, Eutelsat W2W и за Америка, AMC 4, Optus B3.

Телевизијата е дел и од програмските шеми на два бугарски големи дигитални оператори - Bulsatcom и TotalTV. Во сопственост на "Пајнер медиa", каналот ја емитува музичката продукција претежно на музичка компанија "Пајнер". Стиловите кои се застапени во програмската шема на телевизијата се фолк, фолклор, поп и модерна балканска музика.

Телевизија "Планета" во моментов емитува преку различни сателити на територијата на цела Европа, Јужна Африка, Австралија, Северна Америка, дел од Јужна Америка и Источна Азија[1].

Наводи[уреди]