Питер Витингам

Од Википедија — слободната енциклопедија
Англија Питер Витингам
Лични податоци
Роден на 8 септември 1984(1984-09-08)(39 г.)
Роден во Нунетон, Англија
Висина &100000000000001780000001,78 м
Позиција десен бек
Клупски податоци
Сегашен клуб Блекбурн Роверс Блекбурн Роверс
Број 11
Младинска кариера
Астон Вила Астон Вила
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2003–2007 Астон Вила Астон Вила 56 (1)
2005Барнли Барнли (заем) 7 (0)
2005Дарби Каунти Дарби Каунти (заем) 11 (0)
2007–2017 Кардиф Сити Кардиф Сити 413 (85)
2017– Блекбурн Роверс Блекбурн Роверс 0 (0)
Репрезентација
2004–2007 Англија 21 17 (3)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 7 мај 2017

Питер Мајкл Витингам (роден на 8 септември, 1984) — англиски фудбалер кој игра за Блекбурн Роверс. Неговата примарна позиција е како централен играч од средниот ред, иако тој може да работи и на двете крила левото и десното, дури и како втор напаѓач.

Ран живот[уреди | уреди извор]

Витингам е роден во Нунетон во 1984 година и присуствувал на Крал Хенри 8-ми школата, во Ковентри, Британија. Училиштето фаворизирало рагби и крикет, и не понудило фудбал како опција. И покрај ова, Витингам редовно играл фудбал за време на паузата за ручек.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Астон Вила[уреди | уреди извор]

Витингам бил дел од победничкиот тим на Астон Вила на FA Youth Купот во 2002 година.

Тој го направил своето деби за првиот тим на 21 април 2003 против Њукасл Јунајтед, појавувајќи се во второто полувреме како замена за Гарет Бари. Тој продолжил да игра и направил 32 настапи во неговата прва целосна сезона во клубот, во сезоната 2003/04. Тој го постигнувал својот прв гол против Викомб Вондерерс во Лига купот на 23 септември 2003 година и потпишал договор со кој се обврзал на верност во клубот до 2007 година во ноември.

Тој не успеал да го задржи местото во првиот тим во Вила и во текот на следните три години и покрај тоа што стекнал на углед на вешто крило со силен удар. Тој бил позајмен на двапати прво во Барнли, а потоа и во Дерби Каунти за да добие поголема минутажа со која би ги натерал својте сопственици да го вратат назад. Тој го постигнал својот прв и единствен погодок за Вила во Премиер лигата во ноември 2004 против Портсмут.

Кардиф Сити[уреди | уреди извор]

Во јануари 2007 година, по само 4 настапи за Вила од почетокот на сезоната, Витингам направил трансфер во Кардиф Сити за наводна сума од 350.000 фунти, откако тој станал вишок на Вила Парк и договорот му истекувал во текот на летото следната година. Тој брзо се етаблирал во редовен член на првиот тим член до крајот на годината и дури го исфрлил од игра Џо Ледли кој од средниот ред бил преместен на позицијата лев бек.

Со доаѓањето на Тони Капалди за сезоната 2007-08, тоа значеше дека Ледли повеќе не е потребно да ја покрива левата страна во одбраната и се вратил на својата нормална позиција лево во средниот ред, па Витингам ја започнал сезоната на клупата. До средината на ноември Кардиф се најдоа на едно место над зоната за испаѓање што предизвика мала реконструкција во тимот кај менаџерот Дејв Џонс кој одлучил во тимот да ги врати Крис Гантер и Витингам назад во почетната постава. Неговото враќање во тимот значело дека тој треба да се пресели во нова непозната улога за него, на десната страна во средниот ред но тој набргу се вклопил во улогата и започнал ги мнозинството од преостанатите натпревари од сезоната токму на оваа позиција. Тој исто така бил и најдобар стрелец на Кардиф во текот на ФА Купот со три гола, тресејќи ги мрежите на Чеистаун, Вулверхемптон и Мидлзборо. Кардиф стигнал сè до финалето каде биле поразени од Портсмут со 1-0.

Блекбурн Роверс[уреди | уреди извор]

На 1 јули 2017 година, по истекот на неговиот договор со Кардиф Сити, Витингам потпишал со Блекбурн Роверс.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Blackburn Rovers announce signing of Cardiff City stalwart Peter Whittingham“. WalesOnline. 13 June 2017. Посетено на 13 June 2017.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]