Писта (мечувалство)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Коса проекција на писта со должини и мечувалци

Во денешното мечувалство, писта е долгата и тенка вештачка патека по која се одвива овој спорт. Таа е долга околу 14 м и шрока 2 м; последните два метра по секој крај се посебно обележани за да го предупредат мечувалецот пред да се повлече наназад дека се ближи крајот на патеката. Повлекување вон краевите на пистата со двете нозе резултира со негативен поен. Доколку мечувалецот со една нога стапне вон страните на пистата, рундата сопира. Истото напраевно со две нозе е пенал - загуба на еден метар, а ако ова резултира со одење вон пистата, со доделува поен на противникот. По секоје стапнување (допир), мечувалците почнуваат повторно од средината на патеката, раздалечени 4 метри, или отприлика на позиции каде сечилата можат одвај да им се допрат при максимална испруженост. Многу писти на турнири се „вземјени“, така што ако мечот го допре подот, ударот не се регистрира.

Видови на писти[уреди]

Постојат три вида на мечувалски писти:

  • Гумена проводлива писта - направена од проводлив материјал со гумена опачина. Тежи околу 25 кг.
  • Алуминиумска профилна писта - направена од алуминиумски профили заштрафени еден за друг. Тежи околу 300 кг.
  • Плетена метална писта - Направена од исплетен метал, без опачина. Тежи околу 70 кг.