Пирамида Лувр

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Поглед кон Пирамидата Лувр
Поглед кон Пирамидата Лувр
Поглед кон Пирамидата Лувр

Пирамидата Лувр е големата стаклена пирамида пред музејот Лувр во Париз. Одобрена од францускиот претседател Франсоа Митеран, дизајнирана е од кинеско-американскиот архитект Јео Минг Пеи, и завршена во 1989 година. Висока е 20,6 метри (околу 70 стапки); квадратната основа има страни долги 35 метри (115 стапки). Пирамидата го покрива мезанинот во Лувр и формира дел од новиот влез во музејот.

Оригиналниот предлог[уреди]

Малку е познато дека била предложена барокна пирамида за прославата на стогодишнината од 1789 Француска Револуција. Многу веројатно е дека архитектот Ј. М. Пеи ги имал предвид овие дизајни кога ја избрал пирамидалната форма, за двестогодишнината во 1989.

Контроверзија[уреди]

Конструкцијата на пирамидата била доста контроверзна, бидејќи многу луѓе сметале дека футуристичкиот изглед не соодвејствува на влезот на музејот Лувр со неговата класична архитектура. Некои ја опишувале како "Фараонски комплекс" на Митеран. Други го ценеле спојувањето на спротивните архитектонски стилови како премин меѓу старото и новото, класичното и ултра-модерното.

Главната пирамида е всушност најголемата од неколкуте стаклени пирамиди изградени во околината на музејот, вклучувајќи ја и La Pyramide Inversée која функционира како светилник во подземниот трговски центар пред музејот.

"666 делови": урбан мит[уреди]

Постои урбан мит според кој бројот на стаклените делови во пирамидата Лувр е точно 666, „бројот на ѕверот“, често поврзуван со Сатаната. Некои заговоратели припишуваат подлабоко, злобно значење на овој факт. Така на пример, Доминик Стецефант во книгата François Mitterrand, Grand Architecte de l'Univers пишува дека "пирамидата е посветена на моќта опишана како Ѕверот во Книгата на Откровението (...) Целата структура е базирана на бројот 6."

Приказната за "666-те делови" потекнува од 1980-те, кога официјалната брошура објавена за време на изградбата навистина го содржи овој број (дури двапати, иако неколку страни претходно целосниот број на делови бил прикажан како 672). Бројот 666 исто така бил спомнат и во неколку весници. Сепак, музејот Лувр објавил дека завршената пирамида содржи 673 стаклени делови (603 ромбови и 70 триаголници)[1]Повисока бројка била добиена од Дејвид А. Шугарц, кој известил дека според канцелариите на Јео Минг Пеи, пирамидата содржи 698 парчиња стакло.[2]. Повеќе обиди за броење на парчињата вратиле малку различни резултати, но дефинитивно има повеќе од 666.

Митот повторно се појавил во 2003, кога Ден Браун гп вклучил во новелата Кодот на Да Винчи. Во неа главниот лик кажува дека „оваа пирамида, според директното барање на претседателот Митеран, била составена од точно 666 стаклени делови - бизарно барање кое секогаш било тема на љубителите на заговори, кои тврдат дека 666 е бројот на Сатаната (стр. 21). Сепак, Дејвид А. Шугарц објавил дека според портпаролката на Ј. М. Пеи, францускиот претседател никогаш не го навел бројот на парчиња од кои треба да биде изградена пирамидата. Ништо за тоа како 666 гласините се рашириле меѓу француските весници во 1980-те, таа искоментирала: „Ако ги најдете тие стари статии и не ги проверите детално, можеби ќе поверувате на 666 приказната" (Тајните на Кодот, стр. 259).

Наводи во популарната култура[уреди]

Пирамидата е прикажана во филмската адаптација на Кодот на Да Винчи.

Наводи[уреди]

  1. http://www.glassonweb.com/articles/article/94
  2. Тајни на Кодот, уредено од Ден Бурстеин, стр. 259

Надворешни врски[уреди]