Пионир 0

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пионир 0

Пионир 0 (познат и како Тор-Ејбл 1) беше неуспешен обид на САД за праќање на сателит во орбита на Месечината, којшто носеше телевизиска камера, детектор на микрометеорити, и магнетомер. Бешпе дизајниран од воздушната флота на САД како првиот сателит во Пионир програмата, и беше првиот обид да се лансира нешто надвор од Земјината површина од страна на било која земја, но обидот беше неуспешен бргу после лансирањето. Затоа сондата не е наречена Пионир 1.

Леталото се состоеше од тенка цилиндрична средина со збиени конуси долги 17см на двете страни. Цилиндарот беше 74см по пречник, и висината од врвот на едниот до врвот на другиот конус беше 76см.

Лансиран беше на 17 август 1958 во 12:18 по Гринич

Инструментација[уреди | уреди извор]

Во линија со оските на леталото и штрчејќи од крајот на долниот конус се наоѓаше 11 килограми тешката ракета и обвивка за ракета, напојувана со цврсто гориво, коешто претставуваше главен дел од структурата на леталото. Осум мали потисници за подесување на брзината беа поставени на крајот од горниот конус, во прстеновидна серија која можеше да биде отфрлена после употреба. Магнетна диполна антена излегуваше од врвот на гониот конус. Школката беше составена од ламинирана пластика, и беше обоена со шема од темни и светли риги, за да се помогне во регулирањето на температурата.

Инстументацијата тежеше 11,3 килограми и се состоеше од:

- Инфрацрвен телевизиски систем за скенирање слики, дизајниран да ја проучува површината на Месечината, посебно темната страна, - Низа од диафрагми и микрофони за откривање на микрометеорити. Микрометеоритите кои удараат во дијафрагмата би создале акустичен пулс кој би патувал кон микрофонот преку дијафрагмата. Микрофонот содржеше пиезоелектричен кристал. Исто така, беше поставен и појачувач, кој би го појачал сигналот, за да истиот биде детектиран. - Магнетометар со нелинеарен појачувач кој требаше да ги измери Земјиното, Месечевото, и меѓупланетарното магнетно поле. Во тоа време не се знаеше дали Месечината има магнетно поле или не.

Вселенското летало беше напојувано од никел-кадмиумови батерии за палење на ракетите, сребро-оксидни батерии за телевизискиот систем и живини батерии за останатите кола. Леталото требаше да се стабилизира во своето вртење на 1.8 вртежи во минута, а правецот на вртење требаше да биде приближно ортогонален со геомагнетските меридиански рамнини на траекторијата .

Крај на мисијата[уреди | уреди извор]

Пионир 0 беше уништен од експлозија на првиот степен од бустерот на Тор, 73,6 секунди по отиснувањето од земјата, на 16 километри височина, и падна во Атлантскиот Океан. Неуспехот се претпоставува дека е предизвикан од фаличен лагер на турбопумпата, кој ја престанал работата на пумпата за течен кислород. Нееднакви телеметриски сигнали беа примени од товарот и горните степени во наредните 123 секунди по експлозијата, и горните степени беа следени до паѓањето во океанот. Планирано беше леталото да патува 2,6 дена до Месечината и за тоа време моторите на солидно гориво да се запалат и да го стават леталото во 29.000 километри долга орбита околу Месечината која би треала 2 недели.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Пионир 0 - Астрономски Клуб Куманово