Пиндско-македонско кнежевство

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Пиндско-македонско кнежевство
and the Voivodship of Macedonia
Πριγκιπάτο της Πίνδου
Printsipat di la Pind
Principato del Pindo
Италија

1941–1944

Знаме

Главен град Мецово
Уредување Кнежевство
Кнез
 -  1941-42 Алкивиад Диаманди ди Самарина
 -  1942-43 Никола Матуши (Regent)
Војвода
 -  1943 Ѓула Чеснеки де Милвањ
Историски период Втора светска војна
 -  Основана 1941
 -  Замрела 1944


Пиндско-македонското кнежевство (познато и како Пиндо или Пиндос, понекогаш Пинд и Моглена; грчки: Πριγκιπάτο της Πίνδου; италијански: Principato del Pindo; аромански: Printsipat ди ла Pind) претставувала автономна држава формирана и под контрола на фашистичка Италија, во северозападниот дел на Грција во регионите на Епир, Тесалија и Западна Македонија за време на Втората светска војна[1]. Држвата формирана во 1941 година била замислена како држава на Власите, но никогаш не успеала да ги “потчине“ локалните власти, и како таква опстојувала до 1944 година[2] . Главен град бил Мецово, додека седиштето на управата се наоѓало во Трикала. Кнежеството имала и свое државно знаме.

Оваа држава имала чисто антигрчка политика, но не и антиеврејска, иако нејзин главен покровител била Италија. На чело на оваа држава бил војводата Алкивиад Диаманди ди Самарина - кој царувал цели 3 години, а потоа бил заменет со грофoт од унгарско потекло Чеснеки де Милвањ (Cseszneky de Milvány), а по него на власт дошол неговиот брат Михајло.

Димитар Влахов ароман им ветувал подоцнежно создавање на автономија по советски модел, а новата Социјалистичка Романија требала да го возобнови финансирањето на месните училишта.

Наводи[уреди]

  1. Poulton, Hugh. 2000. Who are the Macedonians? Indiana University Press. Pp. 111
  2. (грчки)The capitulation of Italy from Rizospastis newspaper, 7 септември 2003


Надворешни врски[уреди]