Петробарок

Од Википедија — слободната енциклопедија
Цареви двери во Петропавловскиот собор
Црквата Св. Симон и Ана во Санкт Петербург (1734) - типична петробарокна градба

Петробарок е стилот на барокна архитектура и декорација развиена во Русија времето Петар Велики и употребена за конструкција и декорација на згради во новосоздадената руска престолнина, Санкт Петербург, под овој монарх и неговите непосредни наследници.

За разлика од истовремениот Наришкински барок, кој се претпочитал во Москва, петробарокот претставувал драстичен прекин на византиските традиции, доминантни во руската архитектура речиси цел милениум. Главните архитекти на овој стил, Доменико Трецини, Андреас Шлитер и Михаил Земцов, влечеле инспирација од скромната холандска, данска и шведска архитектура во тоа време.

Постоечки примери за овој стил во Санкт Петербург се Петропавловската катедрала (Трецини), Кунсткамерата (Земцов), Кикиновиот дворец (Шлитер), Меншиковата кула и Меншиковиот дворец (Џовани Фонтана)

Петробарокните градби вон Санкт Петербург се оскудни; тие се Меншиковата кула во Москва и Кадрирошкиот дворец во Талинин.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешна врска[уреди | уреди извор]