Петок тринаесетти

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Стравот од петок 13-ти се нарекува параскеводекатриафобија или фригатрискаидекафобија.[1]

Социјална појава[уреди]

Денот петок тринаесетти, кој исто така се нарекува и „црн петок“, многу време кај народот предизвикува несфатливо чувство на страв.[2] На овој датум многумина се парализирани од страв. Некои се откажуваат од патување со авион, а некои и воопшто не патуваат. Било пресметено дека на овој ден во САД бизнисмените губат помеѓу 800 и 900 милиони долари, бидејќи многумина не ни помислуваат за своите работни места.[3] Доналд Доси, основач на Центарот за управување на стресот и Институтот по фобии во Ашвил, Северна Каролина, споменува дека стравот од петок 13 измачува помеѓу 17 и 21 милиони Американци. Симптомите варирале од умерената тревога до тоталната паника. Психолозите докажале дека луѓето кои се сметаат самите себе си за несреќници, за малери, е многу поверојатно да веруваат во овие суеверија, со кои ја поврзуваат лошата среќа во својот живот.

Потекло на стравот од петок 13[уреди]

Некои истражувачи сè уште го бараат коренот на т.н. црн петок. Има повеќе верувања за потеклото на суеверието за петок 13:

  • Ева во рајот го измамила Адам со јаболкото токму во петок.
  • На тајната вечера присуствувале 13 луѓе — Исус и 12-те апостоли. И до ден денес кај многу народи сè уште постои суеверието дека 13 души не треба да седат на едно исто место односно на иста маса.[4] Предавникот Јуда дошол последен на тајната вечера и прв си отишол. Други сметаат дека Исус Христос е распнат токму на денот петок.
  • Суеверието најверојатно има врска и со календарот, кој според астрономијата во минатото се сметало дека е потребно да постојат 13 месеци во некои години, додека Грегоријанскиот и исламскиот календар секогаш имаат по 12 месеци во годината.
  • Според некои, петок 13 се должи на еден древен скандинавски мит, според кој 12 богови празнувале во Валхала, домот на богот Один. Богот на злото и оганот Локи кој не бил поканет, наеднаш се појавил во домот на Один и го убил богот на радоста Балдер. Земјата веднаш потонала во мрак.
  • Во поново време многу повеќе се оддава важност на датумот 13 октомври 1307 година, кога по наредба на францускиот крал Филип IV и папа Климент V биле затворени Жак Де Молеј, Големиот мајстор на Орденот на темпларите и илјадници рицари од орденот. Овие затвореници биле подложени на големи мачења, биле прогласени за еретици и секакви други прекршоци кои биле во спротивност со црквата во Рим. Така, многу од тие рицари биле изгорени на клада или екзекутирани. Од тој ден па натаму, петок 13-ти бил сметан за лош и несреќен ден.[5]
  • Во древен Рим магионичарите се собирале во групи од по 12 луѓе. Се верувало дека тринаесеттиот во групата бил самиот ѓавол.
  • Според нумеролозите бројката 13 „страда“ поради неговата позиција после бројот 12. Така на пример постојат 12 месеци во годината, 12 хороскопски знаци, 12 богови на Олимп, 12 племиња на Израел, 12 апостоли на Исус. Во картите Тарот 13-та е картата на смртта.
  • На тој ден се случила библиската поплава.

Занимливи факти[уреди]

Стравот од бројот 13 е многу актуелен и во денешно време. Повеќе од 80% од високите згради немаат 13-ти спрат. Многу авиони го пропуштаат својот лет на 13-ти, посебно во петок. Во Формула 1 на пример не постои болид со бројот 13. Улиците во Фиренца го испуштаат бројот 13. На 13 април 1970 година експлозија на кислороден резервар ги променува плановите на Аполо 13 за лет кон Месечината. Часот на поаѓање на Аполо 13 е 13:13 според американско време. Имињата на некои од најпознатите сериски убијци содржаат по 13 букви: Jack the Ripper, John Wayne Gacy, Charles Manson, Jeffrey Dahmer, Theodore (Ted) Bundy.

Суеверието за петок 13 или за „несреќниот“ број 13, го поттикнува и богатата филмска и издавачка продукција со многубројни дела токму на таа тема, меѓу кои се холивускиот филмски серијал Петок 13, мистериозната новела „Тринаестмина на вечера“ од Агата Кристи и драмата околу мисијата на всленскиот брод Аполо 13 за што е снимен и филм.


Очекување на петок тринаесетти[уреди]

Следните месеци имат петок 13-ти:

Година Месец
2018 април, јули
2013, 2019, 2024 септември, декември
2008, 2014, 2025 јуни
2011, 2016, 2022 мај
2017, 2023 јануари, октомври
2009, 2015, 2026 февруари, март, ноември
2010, 2021, 2027 август
2012 јануари, април, јули
2020 март, ноември

Наводи[уреди]

  1. Weisstein, Eric W.. „Triskaidekaphobia on MathWorld“. MathWorld. http://mathworld.wolfram.com/Triskaidekaphobia.html. конс. 29 октомври 2008. 
  2. Зошто петок 13-ти е несреќен ден?
  3. Clar, Mimi (1957). "Friday the 13th". Western Folklore: pp. 62-63.
  4. Roach, John (2004-08-12). "Friday the 13th Phobia Rooted in Ancient History", National Geographic News. Retrieved on 29 октомври 2008
  5. Зошто петок 13-ти е несреќен ден?