Петар Стојков

Од Википедија — слободната енциклопедија

Петар Стојков бил македонски автор од крајот на XIX и почетокот на XX век. По потекло од Југоисточна Македонија (Марвашкиот крај, Серско и Неврокопско). Зачувани му се десетина книшки поезија, публицистички записи и политички коментари. Творел на бугарски јазик. Во своите книги се декларира како македонски патриот[1], кој е наполно свесен дека треба да се бори за слободата на својата татковина:

„Господа читатели, јас не сум побуден од писателски талент, ни од идеи за славољубие и среброљубие, ниту пак од никакви

други егоистични цели, но јас, како Македонец, го сметам тоа за мој свет долг – па го кревам гласот, мојот слаб глас, против свирепоста на гнилата Турција“.


Библиографија[уреди | уреди извор]

Објавени му се следниве одделни публикации:

  • Македонски поборник за слободата на Македонија (Софија, 1897),
  • Заштитна реч на Петар Стојков пред Софискиот окружен суд против господарот на кучешката престолнина во Цариград (Султанот Хамид) (Софија, 1898),
  • Смрт на враговите (Софија, 1898);
  • Клучот на македонската револуција (Софија, 1898),
  • Македонски бич (Софија, 1899),
  • Жална Македонија (Софија, 1899),
  • Кръсто Зарев войвода, Софија, 1899.
  • Потајностите на македонските дејци (Софија,1902),
  • Крвава Македонија (Софија,1904),
  • Крвава гробница (драма на марвашки дијалект, Софија, 1905),
  • Пирински напеви (две изданија, Софија, 1909).

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Македонска енциклопедија. II (прво. изд.). Скопје: МАНУ. ISBN 978-608-203-024-2 Проверете ја вредноста |isbn=: checksum (help).