Персонален данок на доход

Од Википедија — слободната енциклопедија

Персонален данок на доход (англиски: personal income tax) претставува данок кој се плаќа на вкупниот доход што го остварува поединецот врз основа на сите извори (плата, хонорар, договор за дело итн.). Персоналниот данок на доход спаѓа во групата на даноци на доходот и во групата директни даноци.

Даночни стапки[уреди | уреди извор]

Табела бр. 1: Стапки на персоналниот данок на доход во одбрани земји (2017)[1]

Земја Даночна стапка
Македонија 10%
Албанија 0% (до 30.000 леки), 13% (од 30.001 до 130.000 леки) и 23% (над 130.000 леки)
Бугарија 10%
Босна и Херцеговина 5% (во Федерацијата БиХ) и 0-15% во Република Српска
Хрватска 12% (до 26.400 куни), 25% (од 26.401 до 105.600 куни) и 40% (над 105.600 куни)
Австрија 0%% (до 11.000 евра), 25% (од 11.001 до 18.000 евра), 35% (од 18.001 до 31.000 евра), 42% (од 31.001 до 60.000 евра), 48% (од 60.001 до 90.000), 50% (од 90.001 до 1.000.000 евра) и 55% (над 1.000.000 евра)
Германија 0% (до 8.820 евра), 14-42% (од 8.821 до 54.057 евра), 42% (од 54.058 до 256.304 евра), 45% (над 256.304 евра) плус 5,5% солидарна давачка пресметана на износот на данокот
Грција 22% (до 20.000 евра), 29% (од 20.001 до 30.000 евра), 37% (од 30.001 до 40.000 евра) и 45% (над 40.000 евра)
Црна Гора 9% (до 720 евра) и 15% (над 720 евра)
Србија 10% и 25%
Словенија 16% (до 8.021 евро), 27% (од 8.021 до 20.400 евра), 34% (од 20.401 до 48.000 евра), 39% (од 48.801 до 70.907 евра) и 50% (над 70.907 евра)

Персоналниот данок на доход во Македонија[уреди | уреди извор]

Во 2007 година, прогресивниот систем на пресметка на персоналниот данок на доход бил заменет со рамен данок со пропорционална даночна стапка од 12%, која во 2008 година била дополнително намалена на 10%.[2]

Табела бр. 1 - Даночните приходи во Македонија, 2003-2016 (во милиони денари)[3]

Година ПДД
2003 7.503
2004 7.707
2005 8.099
2006 8.414
2007 8.891
2008 8.696
2009 8.707
2010 8.872
2011 9.513
2012 9.553
2013 10.255
2014 12.321
2015 12.909
2016 14.205

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Павле Гацов, „Летни разговори за најавените даночни измени“, Економија и бизнис, година 19, број 231, септември 2017, стр. 27.
  2. Димитар Николоски, „Филипсовата крива во Република Македонија како инструмент за создавање политики“, Економија и бизнис, год. 16, бр. 179, мај 2013, стр. 48.
  3. Павле Гацов, „Состојби наспроти трендови - Македонски фискални и економски индикатори“, Економија и бизнис, година 18, број 225, март 2017, стр. 52-53.