Периодонциум

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај

Периодонциум е сврзливо ткиво, сместено меѓу коренот на забот и ѕидот на коскената чашка во кој се сместени коренот или корените на забот, наречен забна алвеола. Периодонциумот влегува во состав на Парадонциумот кој претставува потпорен апарат на забот составен од повеќе структури.


Содржина

[уреди] Функции на периодонциумот

Периодонциумот се одликува со повеќе функции значајни за стоматогнатниот систем.

[уреди] Формативна Функција

Во периодонциумот се наоѓаат повеќе видови на клетки кои учестуваат во формирањето соодветни ткива а тие се: Цементобласти (учествуваат во создавањето на цементот на забот), Остеобласти (учествуваат во создавање на коскено ткиво) и Фибробласти (создаваат влакна)

[уреди] Потпорна Функција

Периодонциумот ја одржува врската на забот со околните ткива.

[уреди] Сензорна Функција

Се остварува преку нервните влакна присутни во периодонциумот.

[уреди] Нутритивна функција

Се остварува преку крвните садови присутни во периодонциумот.

[уреди] Структурна организација на периодонциумот

Главната структура на периодонциумот ја сочинуваат два типа на влакна: 1.Дебели влакна кој се здружени во снопови и тие го поврзуваат периодонциумот со алвеоларната коска и гингивите. Тоа се основните влакна на периодонциумот, меѓу нив се наоѓаат 2.Тенки влакна на периодонциумот кој се индиферентини.

Овие влакна се густо испреплетени во снопови кои се протегаат во различни правци, па врз основа на тоа тие се поделени на две групи: 1.Гингивална група (која се протега од цементот до гингивите) и 2.Алвеоларна група (која се протега од цементот до алвеоларната коска). Секоја група има свои подгрупи.

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици