Перец Маркиш
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Перец Маркиш (еврејски: פּרץ מאַרקיש; руски: Перец Давидович Маркиш; (7 декември 1895 - 12 август 1952) е советски писател со еврејско потекло кој пишувал на еврејски. Неговите далечни претци водат потекло од Шпанија. Како дете посетувал хедер и пеел во хорот на локалната синагога. Служи како војник во армијата на Царска Русија во текот на Прва светска војна. Во неговите рани дваесетти, заедно со Лајб Квитко и други, станува член на Киевската група на еврејски поети. Автор е на многу песни, драми и неколку романи. Неговата поезија на руски ја препева Ана Ахматова, како и низа други видни поети. Живее во Берлин, Париз, Лондон, Варшава и Рим пред да се врати во Русија.
Во 1946 година ја добива Сталиновата награда. Иронично, токму по наредба на Сталин, Маркиш, заедно со уште дванаесет други еврејски поети е погубен на Ноќта на убиените поети.
Надворешни врски [уреди]
- Еврејски во СССР - С. Л. Шнајдерман.
|
|
||
|---|---|---|
| Ликвидирани уметници | Перец Маркиш · Давид Бергелсон · Ицик Фефер · Лајб Квитко · Давид Хофштајн | |
| Поврзано | Антисемитизам · Евреи · Ј. В. Сталин | |

