Пепелашка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пепелашка
Илустрација на Гистав Доре за Cendrillon
Народна сказна
Име: Пепелашка
Позната како: Cendrillon
Aschenputtel
Cenerentola
Cinderella
Информации
Арни Томпсон група:510a
Држава: ширум светот
Издадена во: The Pentamerone (1634)
Mother Goose Tales (1697)
Grimm's Fairy Tales (1812)

Пепелашка (француски: Cendrillon, германски: Aschenputtel, шпански: Cenicienta, италијански: Cenerentola, англиски: Cinderella) е позната класична народна сказна, отелотворување на митски-елемент на неправдена угнетувачка/триумфална награда. Оваа сказна се јавува во голем број варијанти во народното творештво на повеќе народи.[1][2] Насловниот лик[3] е млада девојка која живее во несреќни околности, кои одеднаш се преобразуваат во забележливо богатство. Зборот „Пепелашка“, по аналогија, значи онаа чии атрибути се непрепознатливи, или онаа која неочекувано постигнува признание или успех по период на непознатост и запоставеност.

Содржина[уреди | уреди извор]

Пепелашка е сираче чиј татко, по смртта на мајка ѝ, се оженува за една лоша жена, која има две, исто така, злобни ќерки. Притоа, кога таткото е отсутен, маќеата ја тера Пепелашка да работи разни работи низ куќата, додека нејзините две ќерки живеат удобно и безгрижно. Бидејќи сирачето го оставиле да седи покрај огништето, каде што таа постојнао била извалкана со пепел, неа ја нарекуваат Пепелашка. Пепелашка живее тежок живот, но наспроти тоа, таа се однесува добро кон своите полусестри. Нејзината единствена утеха е посетата на гробот на нејзината мајка, каде таа засадува едно дрвце и со радост гледа како тоа расте.

Еднаш, кралот приредува бал во чест на својот син, на кој е поканета и маќеата со своите ќерки. Пепелашка има голема желба да оди на балот и маќеата ѝ ветува дека ќе ја поведе со себе, меѓутоа, таа ѝ истура во пепелта едно грне со леќа и на Пепелашка ѝ наредува да ги собере зрната како услов за присуството на балот. Бидејќи Пепелашка не може да ја заврши работата, нејзе ѝ помагаат гулабите и гугутките. Но, и покрај тоа што таа успешно ги завршува зададените задачи, маќеата го крши ветувањето и не ја носи на балот, под изговор дека нема соодветна облека.

Така, Пепелашка е разочарана, но таа оди на мајкиниот гроб и го замолува дрвото да ѝ даде убава облека. Кога Пепелашка се појавува на балот, принцот игра само со неа, а сите се восхитуваат на нејзината убавина. Истовремено, маќеата и нејзините ќерки со злоба ја гледаат непознатата девојка, која го пленила принцот. На полноќ, Пепелашка набрзина и без изговор бега од балот. Кога маќеата и ќерките се враќаат дома, ја наоѓаат Пепелашка покрај огништето, во нејзината стара, искината облека. Утредента, Пепелашка повторно оди на мајкиниот гроб, се облекува во најубава облека и оди на продолжението на балот, каде принцот повторно танцува само со неа. Сепак, и овојпат, кога се стемнува, Пепелашка го напушта балот. Истата работа се повторува и третиот ден, но тогаш бегајќи, Пепелашка го губи едниот чевел кој го пронаоѓа принцот.

Сепак, принцот не може да ја заборави непознатата убавица и затоа, кралот дава проглас дека сите девојки во кралството мора да го обујат изгубеното чевличе, со цел така да откријат која е девојката која на балот танцувала со принцот. Така, доаѓа ред чевелот да го пробаат и ќерките на маќеата, но на едната ќерка, чевелот ѝ е мал, па мајка ѝ ја советува да го пресече прстот. Принцот, мислејќи дека таа е вистинската девојка, ја поведува дома, но кога поминува крај гробот од мајката на Пепелашка, два гулаба му ја кажуваат вистината. Принцот се враќа назад и ѝ го дава чевелот на другата ќерка. Сепак, нејзе не може да ѝ влезе петата, а мајката ја советува да ја пресече, бидејќи така ќе стане кралица. И овојпат, минувајќи крај гробот на мајката на Пепелашка, два гулаба му ја кажуваат вистината на принцот. На крајот, кога Пепелашка го обува златниот чевел, веднаш се дознава дека таа е девојката која ја бара принцот. Притоа, тој ја зема со себе и ја носи во дворецот каде набрзо се венчаваат. На свадбата присуствуват и полусестрите, на кои гулабите им ги копаат очите.[4][5]

Македонски изданија[уреди | уреди извор]

Варијанти на оваа приказна се присутни во македонскиот фолклор, што покажува дека е мошне стара и распространета во многу земји, со свои варијанти (една од нив може да се чуе на извадокот, раскажан од жена од с. Банско, Струмичко). Притоа, во македонското народно творештво, ликот на Пепелашка е наречен Мара Пепелашка која останува сираче така што мајка ѝ се претвора во крава, а подоцна, откако татко ѝ се преженува, тој и новата жена ја колат кравата. Мара ги собира коските од мајка си и ги закопува во пепелта, а од жал за мајка си, таа постојано седи крај огништето, па поради тоа маќеата ја нарекува Мара Пепелашка. Еднаш, кога татко ѝ и маќеата одат на свадба, Мара ги откопува коските од мајка си и гледа дека тие се претвориле во златен накит и најубава облека. Така, таа скришум оди на свадбата, таму го привлекува вниманието на сите присутни, а потоа се враќа дома крај огништето. Таа го повторува истото уште двапати, а третиот пат, брзајќи да сигне дома порано, нејзе ѝ паѓа чевелот во реката. Чевелот го наоѓаат царските луѓе и царот наредува сите девојки да го пробаат чевелот. Така, тој открива дека чевелот ѝ припаѓа на Мара и се жени со неа.[6]

„Пепелашка“ во меѓународната верзија има доживеано голем број изданија на македонски јазик, и тоа самостојно или како дел од збирките со приказни на Браќата Грим:

Пепелашка како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Jack Zipes, The Great Fairy Tale Tradition: HELP!, p 444, ISBN 0-393-97636-X
  2. „Пепељуга“, во: Народне приповетке. Београд: Просвета, 1963, стр. 128-131.
  3. Although both the story's title and the character's name change in different languages, in English-language folklore "Cinderella" is the archetypal name.
  4. Браќата Грим, Пепелашка, Детска радост, Скопје, 1993.
  5. „Снежана“ во: Браќа Грим, Храбриот кројач, Детска радост, Скопје, 1980.
  6. „Мара Пепелашка“, во: Волшебни сказни на балканските народи. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 5-9.
  7. Блаже Конески, Везилка. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 57.
  8. Клеопатра - балет на Василиј Медведев (Русија) - светска премиера. Скопје: Македонска опера и балет, 2016, стр. 22.
  9. Kodjabashia & Foltin feat. Goce Stevkovski, Penelope X, LTM 001, 2011.
  10. DISCOGS, Sonic Youth ‎– Goo (пристапено на 22.7.2019)
  11. Пази се! Доаѓа Cinedays 13. Скопје: Младински културен центар, 2014, стр. 73.