Пентархија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Пентархија, од грчки „Владеење на петтемина“, влијаела во создавањето на „Петте големи мориња“ или рани Епископии, кои ги претставуваат петте најголеми христијански центри во средниот век:

Првите четири градови, плус Ерусалим биле најголемите христијански центри во Римската Империја во 4 век, периодото кога Христијанството било официјално признаено и добило статус на рамноправна религија.

После арапските освојувања, само Константинопол останал во состав на Римското царство (Византија). Папата во Рим во овој период сѐ уште бил во голема мерка поврзан со Константинопол (сѐ до Големата шизма), Ерусалим и Александрија потпаднале под муслиманско владеење, додека Антиохија со векови продолжила да биде фронтна линија помеѓу Византија и Арапскиот Калифат. Со ова, но и со некои други тековни политичко-историски големи промени, идејата за постоење на пет најголеми административни центри на Христијанската Црква уште повеќе се оддалечила од реалноста.

Источно-православната Пентархија во 17 век[уреди]

Кога во 1589 година метрополитска Москва го добила статусот на независна патријаршија (што значи дека повеќе не била подредена на пораниешната Вселенската патријаршија на Константинопол), Православието ја вклучувало неа во новата Пентахрија, сочинета од Константинопол, Москва (на местото на Католички Рим), Антиохија, Ерусалим и Александрија.

Други значења[уреди]

Општо кажано, зборот „Пентархија“ се користи кога се говори за пет владетели, или пет моќи. Така, низ историјата има примери кога овој збор бил користен за опис на либералната пентахрија во Италија во 19 век, или петте големи Европски сили во 18 век и 19 век (Британија, Франција, Австрија, Прусија и Русија).