Пеликосаури

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пеликосаури
Период:
Горен карбонГорен перм,
Скелет на Dimetrodon grandis во
National Museum of Natural History
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Chordata
Наткласа: Tetrapoda
Класа: Synapsida
Ред: Pelycosauria *
Cope, 1878
Подредови

Пеликосаурите (Pelycosauria, од грчки πέλυξ - пеликс, оска или можеби чинија/карлица; σαῦρος - саурос, гуштер) образуваат ред на синапсиди кои за првпат се јавиле во фосилниот запис за време на горен карбон, пред околу 300 милиони години. На почетокот на перм (пред околу 280 м.г.) тие сочинувале приближно 50% од сите познати родови на амниоти. Останале најдоминантни сувоземни животни за речиси 55 милиони години, сè до подемот на архосаурите.

Основни одлики[уреди | уреди извор]

Иако тие потсетуваат на влекачите, сепак се поблиски со нивните наследници цицачите. Прво, тие поседувале една слепоочна јама (темпорални фенестри) на секоја страна од черепот, па затоа и се класифицирани како синапсиди. Немале лушпи, но имале одредени кожни штитчиња на нивните стомаци, слични на оние што можат да се најдат на опашката од дабарот. Во однос на движењето тие сè уште биле мошне примитивни, бидејќи нивните раце и нозе оделе нанадвор од страните на телото наместо да бидат сместени под телото. Судејќи според големите мускулести додатоци најдени на нивните коски на екстремитетите, палеонтолозите заклучиле дека и покрај нивното неугодно држење, пеликосаурите веројатно биле првите животни кои ја имале способноста да трчаат.

Точната класификација на подредовите и фамилиите на пеликосаури е сè уште предмет на широка расправа. Единствено што е сигурно е дека фамилијата на сфенакодонтите е кладата од која потекнале современите цицачи. Најдобро познат сфенакодонт е диметродонот. Тој бил месојаден грабливец што живеел пред околу 280-265 милиони години. Поседувал големо едро на грбот за кое се смета дека било терморегулирачка направа, но исто така се користело и во периодот на парење за привлекување на партнерот. Како и другите пеликосаури и сите последователни синапсиди, диметродонот имал хетеродонтни заби (заби со различни форми наменети за разни задачи). Додека повеќето немамалиски животни ја проголтуваат храната со сосема малку или без џвакање, пеликосаурите имале големи остри предни заби за раскинување месо и мали задни заби наменети за дробење.

Пред околу 270 милиони години, од сфенакодонтите потекнале терапсидите. Со почетокот на тријас, повеќето останати пеликосаури изумреле. Пеликосаурите се парафилетска група, односно група која не ги вклучува сите наследници од еден заеднички предок (бидејќи како пеликосаури не се сметаат терапсидите).

Литература[уреди | уреди извор]

  • Robert L. Carroll: Paläontologie und Evolution der Wirbeltiere. Thieme-Verlag, Stuttgart, 1993, ISBN 3-13-774401-6