Пекиншка патка

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Пекиншка патка

Peking Duck 3.jpg

Пекиншка патка послужена на парчиња
Традиционално 北京烤鴨
Упростено 北京烤鸭
Буквално: Пекиншка печена патка

Пекиншката патка или пекиншка печена патка (кин. 北京烤鴨) е познато јадење од Пекинг кое било подготвувано уште од династијата Јуан, а сега се смета за едно од најпознатите Кинески национални јадења. Јадењето се состои од печена патка позната по тенката, крцкава кожа, со автентични верзии на сервирање. Патките се посебно гоени, а после 65 дена се колат и се зачинуваат пред да бидат испечени во фурна. Месото често се јаде со палачинки, млад кромид и хоисин сос. Два најпознати ресторани во Пекинг кои го сервираат овој деликатес се Кванјуде и Бианјифанг, два века стари зданија ко станаа традиционални имиња.

[уреди] Историја

Печената патка како јадење за прв пат била подготвена во Кина, во времето на владеењето на Јужните и Северните династии. Пекиншката патка беше подготвена за Императорот на Кина во времето на владеење на династијата Јуан. Вистинското име на јадењето е Шаоуази кое беше спомнато во прирачникот за рецепти на јадења и пиења на Ху Сихуј кој во 1330 година бил главен готвач во царската кујна. Во династијата Минг, пекиншката патка била едно од главните јадења во менито на кралскиот двор. Во 1416 година се изгради и првиот специјализиран ресторан Бијануифанг за подготвуавање на Пекиншка патка во подрачјето Хианукоу во Пекинг.

Во времето на владеење на Династијата Кинг од 1736-1796 година популарноста на печената пекиншка патка почнала да се шири во повисоки размери. Таа била испирација за поетите и високата интелигенција кои уживале во јадењето. На пример, во стиховите една песна кој ја напишал Дуан Зу Зи Ци Пекинг беше познат по, “наполнете ја вашата чинија со печена патка и прасенце. Во 1864 година е основан ресторанот Куанјуд во Пекинг.Негов сопственик бил Јанг Куанрен кој го развил специјалитетот печена пекингка патка. Со своите иновации и успешно управување ресторанот станал познат во Кина со воведување на пекиншката патка на сите делови во светот.

Во средината на 20 век Пекиншката патка станала национален симбол на Кина кој бил развиен од страна на туристите и дипломатите. На пример Во 1972 година Хенри Кисинџер Министер за надворешни работи на САД се сретнал со премиерот Зоу Енлаи во големата народна сала. По напорните долги разговори кои завршиле утрото, американската делегација за ручек била послужена со пекиншка патка, која станало најомилено јадење на Кисинџер. Пекиншката патка подготвена во Куанјуд посебно била омилено јадење на разни политички лидери како што се кубанскиот револуционер Фидел Кастро, германскиот канцелар Хелмут Кох.

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици