Педро Хуан Кабалјеро

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Портрет на Кабалјеро.

Педро Хуан Кабалјеро (шпански: Pedro Juan Caballero, 1786–1821) бил парагвајски политичар и револуционер. Кабалјеро бил водечка фигура за време на Парагвајската војна за независност. Тој бил роде во Тобати, град во департманот Кордилјера во Парагвај. Иако тој бил шест години помлад од Фулхенсио Јегрос и дваесет години помлад од Хозе Гаспар Родригез де Франсија, тој одиграл важна улога во борбите за независност кои започнале на 15 мај 1811 година. Тој бил внешан во еден заговор во 1820 година и се самоубил во својата затворска ќелија на 13 јули 1821 година. Во чест на него е именуван парагвајскиот град Педро Хуан Кабалјеро.

Битките за независност[уреди]

Кабалјеро зел учество во битките кај Такуари и Парагвари. Битките биле со силите на Мануел Белграно. На 19 јануари 1811 година се случила битката кај Парагвари, која била триумфна за Парагвај бидејќи парагвајските лидери покажале голема умешност. Белграно се повлекол кој југ. На 9 март 1811 година, на брегот на реката Такуари, додека Белграно чекал засилување од Буенос Аирес, започнала нова битка - Битката кај Такуати. Белграно побарал капитулација, која била овозможена од Парагвајската армија.

Ноќта на 14 мај, под команда на Педро Хуан Кабалјеро, патриотите од Асунсион отишле во квартот кај плоштадот каде се наоѓал поручникот Маурисио Хозе Троче. Овој кварт станал упориште на револуцијата, политичките затвореници биле ослободени, оружјето било подготвено, биле преземни безбедносни мерки и биле испратени гласници да ги донесат Фулхенсио Јегрос и Мануел Атанасио Кабањас.

Наводи[уреди]

  • Diario La Nación: “Enciclopedia Histórica del Paraguay”
  • Nueva Historia del Paraguay, Editorial Hispana Paraguay S.R.L.
  • Chavez, Julio Cesar: “El Supremo Dictador”
  • Archivo Nacional de Asuncion, SC, Vol. 975, N.3, cited in: Editorial Tiempo de Historia: "Francia, Vol. II"[1] doc: 1143
  • Williams, John Hoyt: " 'Conspiracy of 1820', and the Destruction of Paraguayan Aristocracy"

Дополнителни информации[уреди]

  • Williams, John H. (1979). „The Rise and Fall of the Paraguayan Republic, 1800–1870“. стр. 27–53. 

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]