Патофизиологија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Патофизиологија или физиопатологија е наука која ги поврзува патологијата со физиологијата. Ако физиологијата ги проучува биолошките процеси во здрав организам, патофизиологијата ги проучува процесите во состојба на болест. За разлика од патологијата која ги проучува морфолошките промени при одредена болест, патофизиологијата ги проучува функционалните промени на ткивата, органите и целиот организам кои настануваат при појава на болест.