Паторот Дафи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Паторот Дафи е анимиран цртан лик на Луни Тјунс на Ворнер Брос. И сериите цртани филмови Мери Мелодии, често растргнат помеѓу улогите на најдобар другар и понекогаш најголем ривал на Душко Долгоушко. Дафи бил еден од првите “чудни” ликови кој се појавил во доцните 1930-ти и ги заменил традиционалните обични ликови, како Мики Маус и Попај, кои биле популарни порано таа деценија. Дафи се појавил во 133 кратки филмови во Златното Доба, трет меѓу цртаните филмови на Луни Тјунс/Мери Мелодии, по 166 појавувања на Душко Долгоушко и 159 појавувања на Прасето Гицко.

Дафи бил на 14 место на листата на 50 најдобри цртани ликови на ТВ Водич, и се појавил на насловната на едно од изданијата како Паторот Доџерс со Прасето Гицко и Летечките Девојки (сите во сопственост на Тајм Ворнер).

Потекло

Дафи за прв пат се појавува на 17 април 1937 година, во Ловот на Патки на Прасето Гицко, во режија на Текс Авери и анимација на Боб Клампет. Цртаниот филм е стандарден ловец/плен пар со кој се прославило студиото на Леон Шлесингер, но Дафи (едвај нешто повеќе од епизодист во овој краток филм) претставувал нешто ново за посетителите на кината: самоуверен, борбен главен јунак, целосно незадржлив. Подоцна Клампет се присетил: “Во тоа време, публиката не беше навикната да гледа цртан лик што прави такви работи. Па така, кога излезе во кината, беше експлозија. Луѓето излегуваа од кино салите зборувајќи за Паторот Дафи.

Дафи во почетокот бил помалку антропоморфичен и личел на “нормална” патка. Карактеризирањето на гласот на Дафи со тој на Мел Бланк и белиот прстен на вратот во контраст со црните пердуви, се единствените особини на ликот кои останале доследни низ годините. Гласот на Бланк за Дафи го држи светскиот рекорд за најдолгата карактеризација на еден анимиран лик од оригиналниот актер: 52 години.

Потеклото на гласот на Дафи е предмет на некои дебати. Една од почесто повторуваните “официјални” приказни е оформен по тенденцијата на продуцентот Шлесингер да шушка кога зборува. Меѓутоа, во автобиографијата на Мел Бланк, Тоа не е сè народе!, тој го негира тоа вообичаено верување, пишувајќи: “Ми се чини дека таква проширена долна вилица го отежнува неговиот говор, особено на зборови кои го содржат гласот с. Како резултат на тоа, англискиот збор “despicable” станал “desthpicable”.

Лигавењето на Дафи, претераното шушкање било развиено со тек на време, а во последните цртани филмови едвај се забележувало. Во Паторот Дафи и Учената глава, Дафи воопшто не шушка кога зборува, освен во посебно нацртната сцена каде што Дафи ја пее “Вртелешката се расипа”, во која може да се слушне само малку шушкање.

Дафи нема официјално средно име, но понекогаш му давале “подбивно” средно име карактеристично за содржината на некој од цртаните филмови. Во Скарлет Памперникел (1949 година), тој се нарекува себеси Паторот Дафи Думас, како писателот на авантуристички сценарија, а тоа е Александар Думас. Во Шоуто на Луни Тјунс (2011 година), ги има смешните средни имиња Армандо и Шелдон.

Различни толкувања

Виртуелно секој директор на цртаните филмови на Ворнер Брос го прикажува Дафи на свој начин – тој може да е луд одмаздник во еден филм, но и алчен трагач по слава во друг. Боб Клампет и Чак Џонс направиле поопширна примена на овие две верзии на ликот.

Раните години на Дафи од 1937-1940 година

Текс Авери ја создал оригиналната верзија на Дафи во 1937 година. Дафи го воспоставил својот статус скокајќи во водата, подрипнувајќи наоколу, извикувајќи “Опаа! Опаа! Опаа! Опаа! Опаа! Аниматорот Боб Клампет го прифатил ликот на Паторот Дафи и го ставил во серија на цртани филмови во 1930-те и 1940-те. Дафи на Клампет е див и будалест чудак, постојано потскокнувајќи низ екранот со извикувања:”Опаа! Опаа! Во неговата автобиографија, Мет Бланк изјавил дека будалестото однесување било инспирирано од слоганот на Хју Херберт, кој бил доведен до екстремност за Дафи). Клампет повторно го дизајнирал ликот физички, правејќи го повисок и послаб, и обликувајќи ги неговите нозе и клун. Често се појавувал заедно со Прасето Гицко.

Втора светска војна Дафи од 1941-1945 година

Дафи исто така се појавил и во неколку краткометражни филмови со воена содржина за време на Втората светска војна. Дафи секогаш останал доследен на својата нескротлива природа, сепак, на пример: обид да избегне регрутирање во Одредот Дафи (1945 година), борба со фашистичка коза која има намера да го изеде парчето метал на Дафи во Трошка Среќен Дафи (1943 година), удирање во главата на Адолф Хитлер во Дафи Командантот во 1943 година.

Дафи од 1946-1952 година

За Шкртаници Дафи (неговиот прв Луни Тјунс цртан филм како директор), Роберт МекКимсон, Ср. Го направил Дафи малку неинтересен, повторно дизајнирајќи го да биде пообликуван и помалку еластичен. Студиото исто така ја вметнало и итрината на Душко Долгоушко во Паторот, правејќи го брилијантен кога зборува и кога се глупира. Партнер на Дафи му бил Прасето Гицко; така ликот кој еднаш му бил ривал, сега станал негов партнер за потсмев. Арт Дејвис, кој ги режирал краткометражните цртани филмови на Ворнер Брос неколку години во 1940-те, сè додека надредените не одлучиле да има само 3 тима (МекКимсон, Фриц Фриленг и Џонс) кои ќе го претстават Дафи сличен на оној на МекКимсон. МекКимсон е познат како последен од трите тима кој го правел Дафи ист како на Ејвери, дури и во поновите филмови како Немој да ме бришеш (1958 година), со карактеристики на “чудакот” Дафи.

Врвот во кариерата на Дафи од 1953-1964 година

Додека деновите на Дафи во Луни биле завршени, МекКимсон продолжил да го прави добар или лош во зависност од потребата за улогите. МекКимсон ќе го користи овој Дафи од 1946 до 1961 година. Верзијата на Фриц Фриленг по препорака на Чак Џонс го прави Дафи попријатен, како во Душко Долгоушко во Шоу Бизнисот. Овде Дафи е арогантен и љубоморен на Душко, но има голем талент, кој го игнорираат менаџерот на театарот и публиката. Овој цртан филм завршува со сцена во која Дафи се обидува да ја импресионира публиката која е зашеметена од Душко Долгоушко, со точка во која пие бензин и голта нитроглицерин, барут и ураниум-238 (во зеленикав раствор), скока надолу нагоре за да “измеша подобро” и на крај голта запалено чкорче кое експлодира во целата таа неверојатна мешавина. Некои ТВ станици и во 1990-те кабелската мрежа ТНТ, ја исекла опасната точка, стравувајќи од имитација на малите деца.

Дафи на Чак Џоунс од 1951-1964 година

Дафи и прасето Гицко во пародии на познати филмови од 1951-1965 година

Додека Душко Долгоушко станувал најпознат лик на Ворнер Брос, режисерите сепак наоѓале широка примена и на Дафи. Се појавил во неколку цртани филмови – пародии на познати филмови и радио емисии. На пример, Јавање со Дафи (издаден во 1951 година и именуван по познатиот лик во Скокање со Кесиди) го става Дафи во каубојски филм, додека пак Робин Худ Дафи (1958 година) му ја наметнува улогата на легендарниот разбојник Робин Худ. Во Паторот Доџерс во 24½th Century (1953 година), пародија на Бак Роџерс, Дафи продава боцки (и куршуми) со Марвин Борецот и прасето Гицко како негов подреден партнер. Други пародии се Дафи во Големиот прасечки грабеж на банка (1946 година), како Паторот Тваси (Дик Трејси) (на Боб Клампет) и како Здрвен Патор (Супермен, сега веќе сопственост на ВБ) (на Роберт МекКимсон).

Душко Долгоушко и Дафи од 1951-1964 година

Успехот на Душко Долгоушко со славата ги предизвикал аниматорите на Ворнер да му дадат на Дафи улога како противник на Душко, крајно љубоморен и решен да се врати во центарот на вниманието, додека Душко или бил рамнодушен на љубомората на паторот, или го вртел тоа во своја корист. Желбата на Дафи да стекне слава по секоја цена е уште од 1940-те, во Мораш да си на кино на Фриленг, но идејата најуспешно била реализирана од Чак Џонс, кој уште еднаш повторно го дизајнирал Паторот, правејќи го послаб и неуреден. Во познатата “Ловечка Трилогија” на Џоунс (или “Сезона на Патки/Сезона на Зајаци Трилогија”) на Зајачки Оган, Сезона на Зајаци, и Патка! Зајак, патка! (секој по редоследот издаден во 1951, 1952 и 1953 година) суетата и возбуденоста на Дафи му обезбедуваат на Душко Долгоушко совршена прилика да го надитри несреќниот Елмер Фад постојано да нишани и пука кон клунот на Паторот. Исто така, овие цртани филмови ја откриваат познатата фраза на Дафи, “Ти си подол!” на Џоунс, која Дафи ја гледа како инстинкт за самоодржување, а не себичност. Сепак, овој Дафи не може да направи ништо што би му успеало, освен да ги запали пердувите на својот опаш, како и своето достоинство. Се смета дека Чак Џоунс го засновал новиот карактер на Дафи на неговиот колега аниматор Боб Клампет кој исто тако Дафи, бил бесрамен самопромотер.

Во новите серии на Картун Нетворк Шоуто Луни Тјунс Душко Долгоушко и Дафи живеат заедно во предградие, спроти Јосемин Сем.

Дафи сам

Филмскиот критичар Стив Шнајдер ја нарекува верзијата на Дафи на Џоунс “еден вид на неконтролиран инстинкт”. Џоунс вели дека неговата верзија на ликот “ги изразува сите работи кои ние се плашиме да ги изразиме”. Ова е очигледно во Бесен Патор (1953 година) на Џоунс, едно од малкуте непобитни ремек дела на американската анимација”според Шнајдер. Во епизодата, Дафи го вознемирува аниматор во улога на Бог, чии зајадливи промени со четката за боење ја менуваат околината, ја враќа камерата наназад и го прикажува само Душко Долгоушко. Бесен патор е прогласен за предвесник на класиката во филмот поради неговата илустрација дека карактерот на едне лик може да се препознае во зависност од изгледот, околината, гласот и содржината. Во 1999 година, филмот бил избран за да биде под заштита на Државната Филмска Архива на Соединетите Американски Држави.

Дафи на Фриленг

Фриц Фриленг ја употребил идејата на Џоунс за Дафи во Душко Долгоушко во Шоу Бизнисот (1957 година), каде на Дафи “истренираната” точка со гулаби (сите летнуваат кога Дафи го отвора кафезот) и сложеното степување се проследени со зуење на штурци во публиката, додека едноставната точка на Душко Долгоушко со пеење и играње добива огормен аплауз.

Дафи на МекКимсон

МекКимсон го искористил Дафи подобротворно, во Покорување на Ѓаволот на пример неговата алчност е неопходна алатка за потчинување на Тасманскиот Ѓавол (Таз) и добивање на голема парична награда. Сепак, МекКимсон малку си играл со улогите на Дафи. Во 1959 година, Дафи се појавил во Кинески Џоунс (пародија на актуелни телевизиски серии, Кинески Смит, со Ден Дуреј) во кои тој е ирски приватен детектив, со ирски акцент, наместо вообичаеното шушкање во гласот.

Дафи и Спиди во 1965-1968 година

Кога анимациското студио Ворнер Брос на кратко му ја доверило продукцијата на цртани филмови на Корпорација ДеПати-Фриленг во 1960-те, Паторот Дафи станал противик (или недоследен пријател) во неколку цртани филмови на Спиди. На пример, во Издржлив Дафи (1965 година), Дафи е решен да го држи глушецот настрана поради никаков друг мотив, туку чиста злоба. Згора на тоа, кога тој ќе извади вода колку што сака, Дафи тогаш се обидува да го уништи бунарот без оглед на пакосната бесмисленост на тоа дело, принудивајќи го Спиди да го запре. Студиото Ворнер Брос ги започнувало своите мрачни години, и дури и Дафи морал да се поштеди од јумор во периодот. Вреди да се спомне, и покрај тоа што во многу од подоцнежните ДФЕ цртани филмови (како Пердувест Прст или Вечерата на Дафи) Дафи е прикажан како посочувствителен лик, а не тоталниот негативец како што е во Издржлив Дафи и Посолен и забиберен. Последниот цртан филм со Дафи и Спиди во Се гледаме подоцна гладијатору, кои фановите на анимацијата ги нарекуваат најлошите филмови на браќата Ворнер.

Дафи денес

Дафи преживува од кратките појавувања и подоцнежните цртани филмови како двобојот на клавир со другарот Пајо Паторот (од конкурентската Волт Дизни), во филмот од 1988 година Кој го создаде зајакот Роџер, каде што двајцата ја свират Унгарската Рапсодија бр.2. Во 1987 година, за да ја прослават 50-годишнината на Дафи, Ворнер Брос го издале Паторцистот, нивниот прв театарски Луни Тјунс краткометражен цртан филм во последните две децении. Дафи исто така се појавил и во неколку компилации на долгометражни филмови, вклучувајќи два филма кои се фокусираат на Дафи. Првиот бил издаден во 1983 година, Фантастичниот Остров на Паторот Дафи; вториот излегол во 1988 година, Квакразбивачите на Паторот Дафи, кој се смета за една од најдобрите филмски компилации на Луни Тјунс, и промовирале уште еден театарски краткометражен филм Ноќ на современиот Патор. Дафи исто така имал поголеми улоги во филмови како Вселенски метеж во 1996 година и Луни Тјунс: Повторно во акција во 2003 година. Вториот филм прави многу за да го доизгради ликот, одејќи дури во крајности како пријатната светлина во сцените каде Дафи е во величествена потрага, каде тој се жали дека неуморно работи за да го постигне она што Душко Долгоушко го постигнува и без да се труди. Истата таа година, Ворнер Брос го ставиле во сосем нови серии на Паторот Доџерс (треба да се потенцира дека во ова шоу всушност Паторот Доџерс е Паторот Дафи поради тоа што бил замрзнат во отстранета анимација во непознат инцидент). Имал кратко појавување во епизода на Мистериите на Силвестер и Џивџи, “Кога бабичката владееше со светот”, емитувана за прв пат на 27 март 1999 година. Дафи исто така се појавил и во неколку веб цртани филмови кои можат да се гледаат на Интернет.

Во телевизиските серии Малечки цртани авантури, Дафи е учител на Врвниот Луниверзитет, каде што е херој и ментор на Паторот Планки. Дафи е прикажан како бебе во Беби Шоуто на Луни Тјунс, каде повремено кратко се појавува во Аниманија! и Хистерија! Во шоуто Неконтролирани Лунатици, негов потомок е Опасниот Патор (за кој гласот го позајмува Џејсон Марсден), кој е исто така непосакуван меѓу неговите колеги. Во поголемиот број од овие појавувања, себичниот, невротичен Дафи желен за центарот на вниманието со карактеризација на Чак Џоунс е верзијата која ја преферираат.

Во последно време, на Дафи му биле доделени главни улоги во поновите цртани филмови и серии на Луни Тјунс. По Луни Тјунс: Повторно во акција, Ворнер Брос полека го истиснувале Душко Долгоушко од центарот на вниманието, а го истакнувале Дафи, како во видеото од 2006 година Бах, Хамдак! Луни Тјунс Божиќ, каде што Дафи ја игра главната улога додека пак Душко се појавува во споредна улога.

Сепак, поновото рекламирање на Паторот, како она на официјалната веб локација, бил прикажан со елементи на побудалестиот, повесел Дафи од 1940-те. Продуцентот Лери Дојл истакнал дека поновите театарски цртани филмови биле планирани да прикажат еден поинаков Дафи, поблизок до оној дизајн на Роберт МекКимсон; меѓутоа, поради неуспехот Луни Тјунс на кино благајните: Повторно во акција, овие нови филмови ја завршиле продукцијата.

Дафи се вратил на Картун Нетворк во Шоуто Луни Тјунс, каде гласот му го позајмува Џеф Бергман. Тука, неговата карактеризација се чини дека содржи елементи од дизајните на Клампет и Џоунс, но генерално весел, глупав карактер. Во шоуто, тој се иселува од шумата и живее заедно со Душко Долгоушко. За разлика од Душко и неговите соседи, Дафи не заработува пари и јаде и живее на сметка на Душко. Пробал на неколку начини брзо да се збогати, но постојано завршувал со неуспех. Единствената сопственост на Дафи на која што е горд е неговата хартиена макета на пловечка парада, конструирана на покривот од комбе, кое е негово главно превозно средство. Уништено е во инцидент при перење и Дафи барал да го замени со јахта со тоа што ќе го измами Гицко да му даде огромен заем, но неговата “речиси совршена” умешност за возење бродови ја прекинува таа амбиција. Неговата пловечка парада набрзо е поправена.

Дафи се појавува во 3-димензионалниот краткометражен филм Дафи Рапсодија со Елмер Фад, кој кратко ќе се појави во филмот Среќни стапала.

Стрипови

Дел Стрипови објавиле неколку стрипови со Паторот Дафи, почнувајќи со Стрип во четири бои #457, #536 и #615, потоа продолжувајќи како Дафи #4-17 (1956–59 година), потоа како Паторот Дафи #18-30 (1959–62година). Сериите на стриповите биле подоцна продолжени како Стрипови Златен Клуч Паторот Дафи #31-127 (1962–79 година). Ова дело по редослед продолжило под печатењето на Стрипови Витман, сè додека компанијата целосно не престанала со издавање на стрипови во 1984 година. Во 1994 година, сличната корпорација ДЦ Стрипови станала издавач на стрипови на сите класични Ворнер Брос цртани ликови, иако без сопственото име, Дафи се појавил во многу изданија на Луни Тјунс.

Други актери што го позајмувале гласот на Дафи

Гласот на Дафи го позајмувале и други актери освен Мел Бланк, Џеф Бергман, Грег Барсон, Ди Бредли Бејкер и Џо Аласки:

Мел Торме го позајмил гласот за пеењето на Дафи во Ноќ на современиот патор (еден од новите филмови во компилацијата Квакразбивачите на Паторот Дафи)

Френк Горшин (Главен Патор)

Џеф Бенет (Напад на паразитите)

Семјуел Винсент (Беби Луни Тјунс)

Бил Фармер (Кокошка Робот)

Морис ЛаМарш (Таз-Манија)

Други медиуми

Во 1950 година, Мел Бланк ја снимил Рапсодијата на Паторот Дафи, хумористична песна напишана од Ворен Фостер, Били Меј и Мајкл Малтезе. Ќе биде во новиот краток филм “Дафи Рапсодија” со Дафи и Елмер.

Дафи свири во двобојот на клавир со Пајо Паторот во филмот Кој го создаде зајакот Роџер на Дизни и Амблин во 1988 година. Во епизодата “Зоботник” во Авантурите на Ежот Соник, има листа на имиња и името на Дафи се наоѓа на листата. Дафи на кратко се појавува во 1998 година во епизода на Шоуто на Дру Кери, во реална-акција/анимиран филм. Постер на Дафи е истакнат во просториите на Мајкл Гарибалди во научно-фантастичните ТВ серии на Бабилон 5. Во една епизода, Зак Ален на шега му објаснува на Г’Кар дека Дафи е “стариот египетски Бог на фрустрацијата”. Гарибалди е исто така прикажан како ја забавува амбасадорката Делен со Паторот Доџерс во 24 & 1/2th Century, а таа не може да го разбере Паторот Доџерс кога случајно ја враќа својата ракета во рикверц.

Во Фамилијарен човек, отако држел експлодирана бомба на Адам Вест, Мег има клун како на Паторот Дафи на погрешната страна од нејзината глава, ја преместува на вистинското место, и потоа вели “Секако, сфаќаш дека ова значи војна!” Наводно, оваа сцена била избришана по договорот помеѓу МекФарлејн и Ворнер Брос.

Аудио клип од гровтањето на Дафи во еден цртан филм бил повторно употребен во Линус Ван Пелт бесно гестикулирајќи во Добар пат, Чарли Браун (и не се враќај!!) (1980 година)

Во епизодата “Разновиден ден” на Канцеларијата, Мајкл го потпишува својот формулар за разноликост со името на Дафи. Во епизодата “На риба во Езерото на утките” на Дете против Мачка, Куп и Барт случајно ги грабнуваат шкртаниците на Дафи и Јеки. Слободниот стил на Еминем “Подол” го добил своето име од изјавата дека Еминем е “подол како Паторот Дафи”. Даг Вокер од ThatGuywiththeGlasses.com изјавил дека црпел многу инспирација за Носталгичните Критики од Дафи.