Пасторала

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пастир од Аркадија во буколен амбиент. Дело во неокласичен стил на италијанскиот сликар Чезаре Сакаџи да Тортона.
Пастир од Аркадија во буколен амбиент. Дело во неокласичен стил на италијанскиот сликар Чезаре Сакаџи да Тортона.

Пасторална поезија, пасторала или еклога — книжевно дело во кое се работи за животите на овчарите или воопшто за селскиот живот, каде типично се прикажува констрастот меѓу простодушноста и спокојството на едноставниот живот и маката и расипаноста на градскиот, а особено дворскиот живот. Но овој вид творештво е проткаен со извесна фантазија, затоа што се појавуваат самовили коишто се митолошки суштества, а во кои се вљубуваат овчарите.

Дефиниција[уреди | уреди извор]

Ликовите во пасторалната поезија често се користат како двигатели за изразување на моралните, општествените или книжевните гледишта на авторот. Во оваа поезија се среќава и средството наречено „натпревари во пеење“ помеѓу два или повеќе овчари. Темата е обично љубов или смрт.

Историја на пасторалната поезија[уреди | уреди извор]

Изразните средства на пасторалната поезија главно биле поставени од Теокрит. Оваа традиција прешла од Грција во Рим, каде Вергилиј алудирал на современите проблеми на селското општество кое тој го отсликувал. Вергилиевите Еклоги извршиле силно влијание врз поетите од ренесансата.

Пасторалниот тренд во англиската поезија се јавува во 1579 со делото „Овчарски календар“ (Shepheardes Calendar) од авторот Едмунд Спенсер.

Пасторални поети[уреди | уреди извор]

Пад[уреди | уреди извор]

Во подоцнежните столетија, реакциите против извештаченоста на овој жанр, заедно со новите ставови кон природниот човек и природната сцена, резултирале со понекогаш горко вметнување на реалност во рустичните сцени во делата на многу поети и романописци.

Меѓутоа, пасторалната елегија и натаму останува преку делата на Перси Шели и Метју Арнолд.