Пасија (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Пасија“ е американски игран филм од 2004 година, во режија на Мел Гибсон, со Џим Кавизел во главната улога (го игра Исус). Филмот бил снимен во Израел, а сите дијалози се одвиваат на латински и на арамејски јазик. Наспроти големите критики, филмот остварил огромен комерцијален успех, остварувајќи заработка од преку 600 милиони долари. Филмот бил номиниран за три награди „Оскар“.[1] Во филмот се раскажува за последните 12 часа од животот на Исус Христос, а приказната се темели врз евангелијата од Новиот завет, како и визиите на германската калуѓерка Ен Кетрин Емерих. Поради сцените на насилство, филмот предизвикал големи критики.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Страдањата на Исус - инспирација за режисерите“, Антена, број 825, 17.4.2014, стр. 11.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]