Пархасиј

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Зевкиј и Пархасиј, Јоаким фон Зандрарт, 1675

Пархасиј од Ефес бил еден од насјлавните старогрчки сликари. Се преселил во Атина, и се рангира меѓу Атичките уметници. Неговото творештво се одликува со една анегдота запишана од Ксенофон во разговорот помеѓу Пархасиј и Сократ на тема уметност; затоа јасно е дека тој веќе бил прославен пред 399 п.н.е.. Сенека вели дека Пархасиј купил еден од Олинтијците кого Филип II Македонски го има продадено во ропство во 346 п.н.е., и го мачел за да има модел за неговата слика на Прометеј; но оваа приказна, која е слична на една таква за Микеланџело, е хронолошки невозмозна. Друга анегдота нѝ кажува за неговиот натпревар со сликарот Зевкиј. Зевкиј имал насликано некои гроздови толку совршено, што на нив долетале птици да ги колваат. Потоа тој му рекол на Пархасиј да ја тргне завесата за да ја открие својата слика, но, гледајќи дека сликата всушност самата завеса вила сликата, тој признал дека е надминат, бидејќи Зевкиј излагал птици, но Пархасиј го излагал Зевкија.

Пархасиј универзално се поставува во најпрвиот ранг на сликари. Неговото скицирање било особено чудесно, а многу од неговите цртежи на дрво и пергамент биле зачувани и високо вреднувани од подоцнежните сликари како пример за учење. Тој бил првиот кој се здобил со вештината на сликање на ликови кои изгледаат дека излегуваат од позадината. Неговата слика на Тезеј го красела Капитолот во Рим. Неговите други дела, покрај порнографијата која била негово хоби, се главно митолошки групи. Негово славно дело е и сликата на Демос, персонификација на атинскиот народ; според една приказна, веројатно базирана на епиграми, дванаесетте главни карактеристики на луѓето, иако очигледно прилично недоследни една на друга, биле јасно изразени на оваа фигура.

Наводи[уреди]