Партија за социјалистичко единство на Западен Берлин

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Партија за социјалистичко единство на Западен Берлин
Sozialistische Einheitspartei Westberlins
Идеологија Комунизам
Весник Die Wahrheit
Политичка ориентираност Левица
Видете уште Политика на Германија

Политички партии во Германија

Партија за социјалистичко единство на Западен Берлин (германски: Sozialistische Einheitspartei Westberlins) била комунистичка политичка партија во Западен Берлин. Партијата била основана на 24 ноември 1962, кога западно-берлинската локална организација на Партијата за социјалистичко единство на Германија (SED, СЕД) се одвоила од главната партија. До 1969, партијата била позната како Партија за социјалистичко единство на Германија - Западен Берлин (Sozialistische Einheitspartei Deutschlands - Westberlin). Герхард Данелиус бил претседател на партијата до 1978.

Младинската лига на партија била позната како „Социјалистичка младинска лига Карл Либкнехт“. Партијата имала дневен весник наречен „Die Wahrheit“.

Во времето на германското обединување, партијата била соединета со Партијата за демократски социјализам на Германија.

[уреди] Изборни резултати за Домот на претставниците на Запaден Берлин

  • 1954 - 41 375 (2,7 %, како ПСЕГ)
  • 1958 - 31 572 (2,0 %, како ПСЕГ)
  • 1963 - 20 929 (1,4 %)
  • 1967 - 29 925 (2,0 %)
  • 1971 - 33 845 (2,3 %)
  • 1975 - 25 105 (1,8 %)
  • 1979 - 13 744 (1,1 %)
  • 1981 - 8 176 (0,6 %)
  • 1985 - 7 731 (0,6 %)
  • 1989 - 6 875 (0,6 %)

[уреди] Види исто така

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици