Париски мировен договор (1856)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Congress of Paris 1856.jpg

Парискиот мировен договор бил потпишан на 30 март 1856 година во Париз од страна на Русија од една страна и сојузниците предводени од Османлиската Империја, Франција, Велика Британија од друга страна. Договорот ставил крај на Кримската војна.

Со парискиот договор, влијанието на Дунав било пренесено на сите големи сили како целина. Исто така големите сили се обврзале дека ќе ја почитуваат независноста и територијалниот интегритет на Османлиската империја и нема да се мешат во нејзината внатрешна политика. Црно Море станала неутрална територија и нејзините пристаништа биле затворени за воени бродови, а по неговите брегови пак било забрането изградба на тврдини или распоредување на воени сили. Се објавило и слободно движење по реката Дунав но под контрола на меѓународна комисија. Молдавија и Влашко останале под јурисдикција на Отоманската империја., но им бил гарантиран независен устав.

Самиот Париски мировен договор бил срушен кога Франција била поразена од страна на Прусија. Русија тоа го искористила најмногу, Русија повторно ја формирала својата флота на Црно море.