Париски клуб

Од Википедија — слободната енциклопедија
Во зелено се обоени земјите-членки.

Парискиот клуб е неформална организација на 19. финансиски најбогати земји во светот,членки на ОЕЦД и Русија. Нивната главна цел како организација е реструктуирање на долговите,олеснување,како и отпишување на долговите на земјите должнички кон овој клуб. Должниците најчесто се препорачуваат од страна на Меѓународниот монетарен фонд.

Реструктуирањето на долговите од страна на Парискиот клуб бара консензус од сите членки и не смее да се фаворизира една земја кредитор во однос на друга.

Групата се состанува на секои шест недели во француското министерство за економија во Париз.

Со клубот претседава висок претставник на француската државна благајна,моментално на таа позиција е Жан-Пјер Жујет.


Земји членки на Парискиот клуб[уреди | уреди извор]