Паралимни

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Паралимни
Координати: 35°02′00″ СГШ 33°59′00″ ИГД / 
Држава  Кипар
Управа
 • Градоначалник Теодорос Пирилис
Население (2011[1])
 • Вкупно 15.000 жит.
Час. појас EET (UTC+2)
 • Лете (DST) EEST (UTC+3)
Поштенски код 5280
Портал www.paralimni.org.cy

Паралимни е град на Кипар, во југоисточниот дел на државата. Официјално градот припаѓа на округот Амохостос, чие привремено управо седиште се наоѓа под турска окупација.

Природни услови[уреди]

Градот Паралимни се наоѓа на крајниот југоисток од островот Кипар. Од главниот град Никозија оддалечен е 110км источно. Градот традиционално бил преградие на Амохостос (до окупацијата на градот), оддалеченост од 10км кон север. Паралимни се наоѓа во близина на брегот на Средоземното Море, на околу 80 метри надморска височина. Градот се наоѓа на југоисточната средишна рамница на островот Мацаорија. Поради тоа северно околу градот се пружа рамничарско поле, а на југот се издига приобално ридче.

Историја[уреди]

Иако подрачјето на Паралимнија било населено уште во времето на праисторијата, овој град, во сенка на блискиот град Амохостос, немал значаен настан до турската окупација на северниот дел на Кипар во 1974 година. До тогаш тоа било многу мало населено место, одсекогаш населено само со Грци.

Во 1974 година турската војска ја окупирала северната третина на Кипар, заедно со блиските градови и важниот Амохостом. Единствено јужниот округ останал во грчки раце, па затоа Паралимни со уште неколку околни села станал носител на округот. Во населбата се населуваат многу Грци, кои бегаат на југот на земјата и градот добива на значење. Последните децении околу градот се развиле неколку средоземни летувалишта, што помогнало и во развивање на градскиот туризам.

Население[уреди]

Паралимни денес има околу 11 000 жители во градските граници, а повеќето од жителите се Грци.

Галерија[уреди]

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]